Мајка која роди четворка по неколку спонтани абортуси со фотографии го документира животот со 5 мали деца
Почетна » Новости » Животни стории » Мајка која роди четворка по неколку спонтани абортуси со фотографии го документира животот со 5 мали деца

Мајка која роди четворка по неколку спонтани абортуси со фотографии го документира животот со 5 мали деца

Мајка со фотографии на Instagram го прикажува своето секојдневие со пет мали деца.

Линдзи Хеј стана вирален хит откако објави колаж од фотографии од третиот триместар од бременоста со четворка и по раѓањето на четирите бебенца.

Линдзи Хеј

„Ги носев овие слатки бебиња 30 недели и 4 дена внатре, а десно се фотографирани по 30 недели и 4 дена надвор. Потценување е да се каже полни раце, полно срце. Тие ги надминаа сите мои соништа во текот на бременоста и иако времето минува брзо, знам дека најдоброто допрва доаѓа. Зад тие бебиња има нови стрии, витки и вишок кожа, но и нови силни страни кои ви немав порано. БЛАГОСЛОВЕНА СУМ и нема да си дозволам себеси да го земам мојот живот здраво за готово“ – напиша таа во описот.

Хеј редовно објавува фотографии преку кои ја раскажува својата приказна, но и ги охрабрува паровите кои се соочуваат со неплодност и со спонтан абортус да не се откажуваат од обидите да имаат дете.

Линдзи Хеј Линдзи Хеј Линдзи Хеј Линдзи Хеј Линдзи Хеј Линдзи Хеј Линдзи Хеј Линдзи Хеј

Таа имала неколку спонтани абортуси пред да забремени со четворка со медицинска интервенција (инјекција со хормон кој ги стимулира фоликулите).

Иако нејзината среќа била огромна, докторите не биле толку големи ентузијасти и ѝ препорачале да задржи само дел од бебињата за да им даде најдобра шанса да преживеат.

„Беше многу тивко во собата за ултразвук. Јас сум висока 157 см и тогаш тежев 52 кг. Ми рекоа дека моето тело нема да биде способно да го издржи тоа. Беа категорични дека тоа е небезбедно“ – објаснува таа.

„Симан беше бел како дух. Јас не можев да престанам да се смеам. Не ми се веруваше. Немаше шанси. Докторите беа изненадени, но ми рекоа да не се грижам. Ми рекоа дека можам да одам на селектирана редукција, која се применува за бебињата да можат правилно да се развиваат. Притисокот за редукција траеше неколку дена, но кога за првпат ги слушнавме сите четири срца, јасно одлучивме дека не сакаме повеќе да зборуваме за редукција. Сопругот ме погледна и ми рече: ‘Па, претпоставувам дека ќе имаме 4 бебиња’ и двајцата се насмеавме за првпат по неколку дена“ додала Линдзи.

Линдзи Хеј Линдзи Хеј Линдзи Хеј Линдзи Хеј

Хеј на сите им докажала дека женското тело е неверојатно и на 13 јули минатата година, на свет ги донесе Кејден, Медисон, Лукас и Грејсон, во 30-тата недела од бременоста. Иако четирите бебенца морале да поминат 45 дена во оддел за интензивна нега, тие одлично напредувале.

„Денот кога се родија бебињата беше најневеројатниот ден во моето постоење. Мило ми е што рековме ДА, иако никогаш не чувствував дека тоа е мој избор. Кога им ги видов лиценцата, не можев повеќе да замислам светот во кој тие не би постоеле. Ме полнат со толку голема радост што секој ден ми се насолзуваат очите. Мои чуда, вие бевте посакувани од самиот почеток. Ви благодарам што ме избравте да ви бидам мајка. Ве сакам“ – изјавила таа.

Линдзи Хеј Линдзи Хеј Линдзи Хеј Линдзи Хеј Линдзи Хеј Линдзи Хеј Линдзи Хеј Линдзи Хеј Линдзи Хеј

За виралната објава, таа вели дека воопшто не очекувала да стане хит и дека кога ја правела фотографијата од бременоста едвај стоела.

„Се сеќавам дека ми беше многу неудобно и дека речиси беше невозможно да стојам, но бев многу радосна што стигнав толку далеку со бременоста. Бев подготвена да се сретнам со нив. Кога сега ја гледам фотографијата, помислувам: ‘Дали моето мало тело го направи тоа?’“ – рекла Хеј, која открива дека животот со четворка не е толку тежок колку што се прикажува.

Линдзи Хеј Линдзи Хеј

„Имаме тешки моменти, но не е толку тешко колку што си мислат луѓето. Јас не седнувам, постојано сум во движење и не спијам многу, но ТВ ги прави нештата да изгледаат подраматични отколку што навистина се“ – открива таа.

Линдзи Хеј Линдзи Хеј Линдзи Хеј Линдзи Хеј Линдзи Хеј Линдзи Хеј Линдзи Хеј Линдзи Хеј Линдзи Хеј Линдзи Хеј Линдзи Хеј Линдзи Хеј Линдзи Хеј Линдзи Хеј

Анкета

Анкета
Сметате ли дека е добра мерката за задолжително носење на заштитна опрема на лицето (маска, шал)?
  • 63%
  • 37%
Се испраќа...

(Вкупно: 5981 гласа)

Цитат

Можеш да ги исечеш сите цвеќиња, но не можеш да ја спречиш пролетта да дојде.

Пабло Неруда

Виц

Се качувам на вага по завршувањето на карантинот.

Вагата покажува: „Ве молам почитувајте социјално дистанцирање. Качувајте се еден по еден!“