Македонскиот јутјубер Стефонатор низ солзи зборува за борбата со тумор на тестисите и хемотерапиите
Почетна » Новости » Животни стории » Македонскиот јутјубер Стефонатор низ солзи зборува за борбата со тумор на тестисите и хемотерапиите

Македонскиот јутјубер Стефонатор низ солзи зборува за борбата со тумор на тестисите и хемотерапиите

Стефан Рашковиќ, познат како Стефонатор, низ солзи откри дека ја води најтешката борба во животот. Македонскиот јутјубер сними видео во кое раскажува за битката со тумор на тестисите.

23-годишното момче ја добило страшната дијагноза во јули минатата година.

Со многу емоции и пролеани солзи, Стефонатор ја отвори душата пред своите обожаватели.

Стефонатор

„На 23 јули 2020 година, денот што јас никогаш нема да го заборавам, бев дијагностициран со тумор. Во моето тело имаше две топчиња кои се многу штетни и не треба да бидат во моето тело“ – вели Стефан во видеото и објаснува дека докторите му соопштиле дека следниот чекор е операција.

„На 21 септември минатава година јас правев операција за едно од тие топчињата кои се штетни, за да се извади и се извади. Тоа второто што остана треба обично да се стопи со хемотерапија. Добра вест беше дека мојот тумор е 99% излечив и дека нема од што да се плашам. Но, почнаа да доаѓаат тие хемотерапиите. Крајот на октомври почнав на терапии со тоа што, една цела недела од понеделник до петок примаш хемотерапија. Примив четири циклуси, завршив со хемотерапијата некаде околу 20 јануари.“

Стефан објаснува дека и покрај сите здравствени предизвици, тој продолжил да ги извршува своите обврски, да оди на настани и премиери на филмови.

Хемотерапија беше нешто што најтешко го издржав. Беше тешка и операцијата, бидејќи после операцијата јас не можев да станам од кревет, неколку дена не можев да станам никако од кревет. Имав страшно лоши болки. Потоа почнав да земам некои апчиња против болки, па почнав полека да се пуштам, одев, правев по неколку чекори во соба, па сè подалеку и сè подалеку. По неколку дена јас отидов во Штип на настап. Тоа го направив само неколку дена по операција, не знам ни јас како. Сите ми се чудеа. После следеше филмот „Хакер“, премиерата на „Хакер“ и некако отидов.

После почна да се случува хемотерапијата, што за мене беше најтешкото нешто досега во животов, затоа што сè ти се пореметува. Почнуваат да ти паѓаат сите влакна, примав хемотерапија три месеци и мене константно ми се повраќаше по цели денови.

Крвта ослабена ненормално, организмот ужас, сè ужас, сè хаос, затоа што хемотерапија се отрови, буквално отрови што ги уништуваат сите лоши клетки во тебе, но уништува и добри.

Јас сум сè уште хаос и немам коса и затоа се прикривам вака со илјада капи затоа што ми е непријатно. Мразам затоа што немам коса, но косата е најмал проблем и помината е хемотерапијата и најверојатно нема повеќе да примам хемотерапија. Едвај чекам да порасне коса, еве брада почна, што многу се радувам и не ја бричам.

Не знам дали беше воопшто добра идеја да снимам видео, да зборувам за ова. Пред само неколку дена, мислев дека кога ќе го ставам ова видео ќе се вика „Го победив туморот“. Но, ова видео не се вика така.

Бев на скенирања и испитувања еден месец по хемотерапијата. И иако прогнозата беше дека терапијата е 99% успешна, излезе дека јас не сум во тие и дека треба да правам уште една операција. Знам дека има многу полошо од моево, јасно ми е дека не е крај на свет, дека сè е излечиво, но едноставно силиве ми се на крај. Затоа што многу месеци се борам со ова и многу е тешко и буквално животот ти се менува. Сфаќаш дека нема ништо поважно од здравје. Сега ете доаѓа вест дека борбата не е готова, иако мислев дека е и се радував. Излезе дека треба да правам уште една операција за тоа второ топче, бидејќи е активно сè уште. Да се извади со операција. Би требало тоа да е последен чекор од ова и после тоа да седнам да ви снимам уште едно видео, да ви кажам дека сум конечно здрав. Но, ќе видиме. Очигледно ништо не се знае и треба да се надеваш само на најдоброто.

Имав среќа што го најдов во некоја почетна фаза, што не беше раширено, а се шири.

Ако поминувате низ ова како што поминувам јас, останете јаки, затоа што само тоа ни останува. Ако сте поминале, ви честитам и знаете која голема борба сте ја поминале. На никого не го посакувам ова. Ако некогаш во животот ве снајде, или знаете некого, бидете покрај него бидејќи е една многу голема и многу тешка битка. И знај дека сè ќе помине. Треба невидено трпение и многу сила.“

Видео:

Стефан сподели фотографија направена по првата операција и во описот напиша: „Ова е сликата што ја им ја пратив на најблиските после првата операција. Вака насмеан ќе ја поминам и втората. Ќе пробам да вратам на што повеќе пораки, но ќе биде невозможно да вратам на сите. Затоа еве тука - фала ви. Ми значи секој збор. Уште само еден чекор. Ве сака Стефан“.

Анкета

Анкета
Кога би можеле да изберете со која вакцина за заштита од КОВИД-19 да се вакцинирате, дали тоа би влијаело на вашата одлука за имунизација?
  • 36%
  • 11%
  • 53%
Се испраќа...

(Вкупно: 6786 гласа)

Цитат

Животот секогаш ти нуди втора шанса. Таа се нарекува УТРЕ.

Дилан Томас

Виц

Женскиот проблем „немам што да облечам“ е во изумирање во време на пандемија.

Сега се појави „имам што да облечам, но нема каде да го носам“.