Почетна » Новости » Животни стории » Македонската бодибилдерка Мери Акиевска: „Израснав во семејно насилство. Мајка ми е борец, жена-кралица“

Македонската бодибилдерка Мери Акиевска: „Израснав во семејно насилство. Мајка ми е борец, жена-кралица“

Мери Акиевска повторно ги поби стереотипите дека бодибилдингот е машки спорт. 24-годишната девојка од Крива Паланка по третпат стана светска шампионка во бодибилдинг, освојувајќи го златниот медал на светското првенство во Санта Сузана, Шпанија.

Македонската бодибилдерка сега се отвори за тешкото детство и во ново интервју зборуваше за нејзините напори да стигне токму до врвот.

Таа сподели дека израснала со татко алкохоличар и дека нејзината мајка ѝ е поддршка во секој нејзин подвиг.

Мери Акиевска

Мене минатото ме направи тоа што сум денес. Да бидам толку силна, да издржам. Сите знаеме овој спорт колку е тежок, но за мене ова е нешто прелесно. Јас можам и уште потешко да издржам. Минатото ме доведе до тоа што сум денес, за да не се откажам и да го променам мојот живот колку можам. И чест и задоволство ми е што сама успевам и имам достигнато до тоа што сум денес.

Можам да кажам дека имам израснато во семејно насилство. Немаше мир. Татко ми беше алкохоличар. После некое време го изгубив и татко ми. Мајка ми ми е огромна поддршка и ден-денес за сите припреми. Таа жена е борец, жена-кралица можам да ја кажам. Премногу ми значи нејзината поддршка. Како самохран родител, таа многу има направено за мене. И јас за возврат ѝ носам сега среќа и се надевам дека е мотивирана и горда што има вакво дете како мене.

По потекло сум од Крива Паланка и одлучив да дојдам тука во Скопје затоа што во интернат имав повеќе услови отколку дома што имав во Крива Паланка. Таму живеев без струја и без вода. Немав услови за да се справам со тоа како ќе ме гледаат децата во школо. Бев како запоставено дете.

Мајка ми не дозволуваше да се двојам од останатите. Даваше сè од себе за да не се забележува дека нешто ми недостасува. Се дружев буквално со сите дечиња. И со тие што беа како мене случаеви и со тие што беа поимотни од мене. Немаше некоја разлика, освен јас во себе што размислував кога ќе си одам дома, како ќе учам во темно. Учев на свеќа.

Во школо сите си купуваа храна од продавница, од бурекџилница. Јас или носев од дома или мајка ми ги замолуваше некој да ми даде на вересија, за да имам да опстојувам.

Ова траеше со години, сè дури не дојдов тука. Никој не знаеше дека сум во таква ситуација, јас сум таков карактер, сè чувам во мене.

„Мајка ми е сега најсреќен човек на светот. Таа го заслужува тоа. Заслужува и повеќе од тоа. Се надевам дека тоа што ѝ е желба ќе можам да ѝ го остварам“ – дополни Мери.

Погледнете го целото интервју:

Акиевска за првпат стана светска шампионка во бодибилдинг во 2021 година. Истата титула ја освои и минатата, а и оваа година.

Мери Акиевска Мери Акиевска Мери Акиевска Мери Акиевска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 7978 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.