Инспиративен маж роден без нозе и една рака е фитнес модел и бодибилдер: „Можете да направите сè што ќе наумите“
Почетна » Новости » Животни стории » Инспиративен маж роден без нозе и една рака е фитнес модел и бодибилдер: „Можете да направите сè што ќе наумите“

Инспиративен маж роден без нозе и една рака е фитнес модел и бодибилдер: „Можете да направите сè што ќе наумите“

Ник Сантонастасо е медицинско чудо. Роден без нозе, со една рака и еден прст, 24-годишниот Американец денес е меѓународно познат бодибилдер и фитнес модел, кој секојдневно ги надминува прогнозите на докторите, докажувајќи дека силата на волјата е посилна од сè.

„Вие ми се смеете затоа што сум различен, јас ви се смеам затоа што сте сите исти“ – пишува на тетоважа на раката на Ник.

Ник Сантонастасо Ник Сантонастасо Ник Сантонастасо

Тој има Ханхартов синдром, вродено пореметување кое предизвикува малформации во екстремитетите и прстите. По раѓањето, докторите му дале само 30% шанси за преживување, а на неговите родители им рекле дека никогаш нема да може да се облекува сам, да јаде сам и да биде самостојна личност.

Ник растел со ниска самодоверба и честопати имал самоубиствени мисли, затоа што сметал дека никогаш нема да има самостоен живот, финансиска стабилност или девојка.

Сè во неговиот живот се променило во средно училиште, кога станал дел од боречкиот тим.

Денес, Ник заработува сам и има девојка, која е фитнес модел исто како него. Со повеќе од половина милион следбеници, тој слободно може да се нарече и Instagram ѕвезда. Неговите инспиративни и мотивациски говори за самоприфаќање, позитивност и упорност со внимание ги слушаат милиони лица низ светот.

Ник Сантонастасо Ник Сантонастасо Ник Сантонастасо

„Мораш да се адаптираш на она што си. Пред некој да те засака, треба да се засакаш себеси. Да го сакаш секое едно нешто кај себе. Не можеш да не сакаш нешто на себе, оти ова е твојот живот, живееш со него секој ден“.

Ник Сантонастасо Ник Сантонастасо Ник Сантонастасо

„Ако сакаш нешто да постигнеш, придржувај се до таа цел без разлика дали секој ден те победуваат и си губитник. Мораш да откриеш колку далеку можеш да стигнеш. Мораш да се ставиш на тест себеси, да се принудиш себеси. Можеш да постигнеш многу повеќе од мене. Како некој кој ги има сите делови од телото, имаш огромен потенцијал. Искористи го она со што си роден. Јас користам сè што ми е дадено. Верувај во себе и сакај се себеси“ – вели Ник.

Во светот има само 12 луѓе со Ханхартов синдром, од кои 8 се починати, па не е изненадување што Ник е благодарен што е во одлична здравствена состојба покрај неразвиените екстремитети.

„Благословен сум што сум тука“ – вели тој.

Ник Сантонастасо Ник Сантонастасо Ник Сантонастасо Ник Сантонастасо Ник Сантонастасо Ник Сантонастасо Ник Сантонастасо

Видео

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 6368 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.