„Имав 17 години“: Српската актерка Милена Радуловиќ смело разоткри сексуален предатор кој ја силувал и злоупотребувал малолетни девојки
Почетна » Новости » Животни стории » „Имав 17 години“: Српската актерка Милена Радуловиќ смело разоткри сексуален предатор кој ја силувал и злоупотребувал малолетни девојки

„Имав 17 години“: Српската актерка Милена Радуловиќ смело разоткри сексуален предатор кој ја силувал и злоупотребувал малолетни девојки

Неопходна е огромна смелост, непоколеблива решителност и емоционална цврстина за да се застане пред јавноста и да се разоткрие монструм, кој под маската на ментор, со години злоупотребувал. Токму тие карактеристики ги поседува српската актерка Милена Радуловиќ, која заедно со неколку млади девојки, го запре сериското сексуално малтретирање од страна на Мирослав Мика Алексиќ.

25-годишната актерка го обвини популарниот учител за глума Алексиќ дека во повеќе наврати ја силувал. Првиот сексуален напад бил кога таа имала само 17 години, а тој бил на 61-годишна возраст.

Милена

„По тешка внатрешна борба, некои храбри девојки и јас одлучивме да застанеме на патот на мрачниот круг на злоупотребувањето. Нема да отстапиме“ – порачува Милена и потенцира дека педофилијата и силувањето на малолетни лица е недопустливо.

Сведоштвото на Милена за српскиот медиум Blic одекна во целиот регион.

„Шест години бев во школата на Мика Алексиќ кога ме силуваше. Имав 17 години. Тоа не се случи еднаш. Се повторуваше“ – вели таа.

Школата на Алексиќ била многу популарна, а за време на часовите, децата не само што учеле глума, туку и стекнувале основни животни вештини, а често оделе и на екскурзии. Иако тој бил многу строг и се служел со навреди и уцени, неговите ученици имале одредена стравопочит.

Милена

Кога Милена првпат била нападната и силувана, таа била во целосен шок.

„До тој момент не ни си помислував дека е можно такво нешто. Не го познавав како таков и во тој период бев убедена дека сум единствена и сама. Беше шок. Слом! Тоа за мене беше како второ семејство. Навистина!“ – раскажува таа и појаснува како тој секогаш се трудел сексуалното малтретирање да биде за време на часот во одделна соба или додека траеле уписите.

„Не оставаше простор некој да се посомнева дека тука се случува нешто ужасно. Сè внимателно имаше испланирано. Ја користеше ситуацијата што бевме во шок. Освен тоа што вам ви се случува, секогаш беше и страшното чувство дека тука, во близина, има други деца“ – додава Милена.

На почетокот Милена се чувствувала немоќно и засрамено, па молчешкум минувала низ кошмарот. Потоа со помош на психотерапевт, започнала одново да си ја гради срушената самодоверба.

Милена

Пред неколку месеци, таа стапила во контакт со нова жртва на манипулаторот Алексиќ. „Во ноември се појави нова жртва на Мика. Малолетна, мене дотогаш не ми беше позната, ми се јави и се поврзавме. Се поврзавме со уште неколку девојки, разговаравме и одлучивме дека е време ова да прекине. Со оваа свест, сокривањето на злочинот и премолчувањето би било исто што и самиот злочин. Ќе станевме соучесници ако премолчевме тогаш кога знаевме дека постојат уште пет потенцијални нови малолетни жртви“ – споделува таа.

Милена

Милена, која моментално гради успешна кариера и во Србија и во Русија, истакнува дека обелодувањето не е мотивирано од одмазда, туку од желбата да се заштитат девојки кои би паднале во канџите на Алексиќ.

„Ова не е прашање на лична сатисфакција, ова мора да прекине затоа што се случува сега, деновиве. Ако молчиме, ние сме сведоци, ќе дозволиме зло! Знам дека мојот глас се слуша повеќе, а и сум највозрасна од девојките кои го пријавија. Чувствувам голема одговорност кон тие деца, кон општеството, но и кон себе. Го правиме ова со ладна глава. Не се плашам од осуди од јавноста, веќе немам причина да се плашам од што било. Надеж и сила ми влеа и беспрекорната работа на надлежните кои имаа слух за нашата ситуација“ – појаснува таа.

Милена

Алексиќ беше приведен пред два дена и вечерва му беше одредена мерка притвор од 30 дена. На сослушувањето, тој рекол дека обвинувањата не се точни.

Како што се распространуваше искрената исповед на Милена, така се зголемуваше поддршката. Многумина со восхит коментираат за нејзината храброст да стави крај на малтретирање кое носи долготрајни последици.

Милена има 26 години, глумица е (патем одлична ) со својата изјава дека била сексуално злоставувана од својот учител по...

Posted by Vesn Bejbimama Petrusevska on Sunday, January 17, 2021

Очекувано или не, голем дел од провокативните коментари се однесуваат на тоа „зошто не пријавила веднаш“.

Повеќе стручни лица понудија потенцијални одговори на тоа прашање кое реално не треба да биде ниту поставено. Тие се категорични дека жртвите, особено кога се толку млади, минуваат низ најразлични силни емоции како презир, страв, срам, самообвинување и сл. и дека им е неопходно време за да смогнат сили да пријават сексуално насилство. Неретко, тие ужасни искуства остануваат закопани засекогаш. Но, смелоста на дами како Милена, често поттикнува промени, па токму затоа нејзината постапка е толку многу значајна.

Анкета

Анкета
Кога би можеле да изберете со која вакцина за заштита од КОВИД-19 да се вакцинирате, дали тоа би влијаело на вашата одлука за имунизација?
  • 33%
  • 8%
  • 59%
Се испраќа...

(Вкупно: 732 гласа)

Цитат

Животот секогаш ти нуди втора шанса. Таа се нарекува УТРЕ.

Дилан Томас

Виц

Женскиот проблем „немам што да облечам“ е во изумирање во време на пандемија.

Сега се појави „имам што да облечам, но нема каде да го носам“.