Жена која била малтретирана во бременоста го напуштила партнерот, сега среќно патува низ светот со ќеркичката
Почетна » Новости » Животни стории » Жена која била малтретирана во бременоста го напуштила партнерот, сега среќно патува низ светот со ќеркичката

Жена која била малтретирана во бременоста го напуштила партнерот, сега среќно патува низ светот со ќеркичката

Вреди да се борите за среќата. Доказ за тоа е Ана Вон, која го напуштила насилниот партнер во седмиот месец од бременоста и избрала да ја израсне ќеркичката сама. Денес, тие патуваат низ светот и се среќни.

Ана Вон Ана Вон

Ана имала 36 години, кога одлучила да се спакува и од Канада и да се пресели во Гватемала. Шест месеци подоцна, таа забременила од момче кое едвај го познавала. Поради тоа, започнала да размислува на абортус и прекин на бременоста. Но, биолошкиот татко на детето ја разубедил, ветувајќи ѝ дека заедно ќе се грижат за бебето.

Ана Вон

Среќната трудница прифатила и набрзо се запознала со целото негово семејство, кое ѝ посакало топло добредојде во него. За жал, на целата среќа набрзо ѝ дошол крај, кога таа открила дека постојано била изневерувана зад грб и дека „таткото“ на нејзиното бебе посакува таа да е мртва.

„Тој сакаше да стапиме во брак, но ја знаев дека тој не е за мене и не можев да се принудам да се омажам за него. Но, навистина верував дека тој 100% е заинтересиран да биде родител. Беше посветен уште од првиот ден“ – пишува Ана.

Во следните седум месеци, врската на парот имала и свои подеми и свои падови. Тој постојано купувал работи за бебето и разгледувал опции за породување, но се однесувал лошо кон Ана и ја малтретирал. Неговото семејство тврдело дека таа треба да биде трпелива и дека му треба време да се прилагоди на новата ситуација.

„Кога бев во седмиот месец од бременоста, најдов пораки на неговиот Facebook кои им ги имаше испратено на многу жени, во кои им кажуваше дека ме мрази и дека посакува да бев мртва, дека сум го принудувала да поминува време со мене, дека сум го принудувала да биде со мене. Ме изневеруваше со многу жени, со некои од нив без да користи заштита, една од нив имаше сексуално пренослива болест. Му кажав на неговото семејство, а тие ме обвинија мене за неговите постапки. Јасно беше, бев манипулирана и малтретирана на сите полиња“ – пишува Ана.

Од Гватемала, таа заминала во Мексико, каде ја родила ќеркичката и решила да ја израсне сама. Ѝ било потребно долго време за да научи да се сака себеси и да ја сака ќеркичката. Кога девојчето имало само 2 месеци, таа решила да замине на 7-неделен кампинг на плажа.

Ана Вон Ана Вон

„Тие 7 недели ми беа едни од најдлабоките во животот, кога почувствував големо олеснување. Се покажа дека ќерка ми обожава кампување и топло време – дека таа не беше целата на него, дека имаше многу сличности со мене. Јас и таа се поврзавме за првпат на тоа патување и јас си ја вратив самодовербата, правејќи го тоа што го сакав – да патувам и да го откривам светот.“

„Ми требаа уште две години за да застанам на нозе и навистина целосно да се ослободам од угнетувањето на нашиот насилник и неговото семејство и целосно да прифатам, да закрепнам и да продолжам понатаму од она што ни се случи на двете, но ние никогаш не го напуштивме патувањето.“

Ана Вон Ана Вон Ана Вон Ана Вон

Ана смета дека патувањето низ светот ѝ го спаси животот, ја извлече од депресијата, ѝ ја зајакна врската со ќерката и ѝ ја врати самодовербата.

„Патувањето околу светот со ќерка ми донесе само исклучителни моменти во нашите животи. Сè што сакав кај патувањето како сингл жена е уште поубаво со неа. Испративме желба во хартиен фенер во ноќното небо во Виетнам, ја научив да плива на Бали, но го усоврши тоа на плажите во Тајланд, учевме за другите религии, церемонии и семејства, гледавме вулкани во Гватемала и јадевме толку многу вкусни јадења и учевме толку многу странски јазици што не можеме да ги доброиме. Најубавиот дел е што сме предлабоко поврзани сега. Ѝ подарив на ќерка ми еден од најубавите подароци, покажувајќи ѝ го светот.“

„Патувањето ми го врати она што еден човек за малку целосно ќе го уништеше – мојата самодоверба и моето срце. И најубавото од сè – мојата ќерка и најдобра пријателка – која ужива во овој прекрасен живот со мене“ – вели таа.

Ана Вон Ана Вон Ана Вон Ана Вон Ана Вон

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 4118 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?