Почетна » Новости » Животни стории » Емотивно писмо на мајка до доктор кој ја советувал да ја АБОРТИРА ќерката со Даунов синдром

Емотивно писмо на мајка до доктор кој ја советувал да ја АБОРТИРА ќерката со Даунов синдром

Мајка на ќерка со Даунов синдром му испрати емотивно писмо на докторот, кој ја советувал да го абортира нероденото дете затоа што ќе му го намалело квалитетот на живот на нејзиното семејство.

На малата Еми ѝ бил дијагностициран Даунов синдром пред да се роди, па на Кортни ѝ бил даден избор да го задржи детето или не. Докторот ја советувал да ја избере втората варијанта, но Кортни не го послушала и ја продолжила бременоста.

Сега, таа преку писмо му порача на докторот дека згрешил, дека нејзината ќерка не ѝ го влошила животот, туку бескрајно ѝ го подобрила и дека посакува следниот пат кога тој ќе види дете со Даунов синдром во утробата, да ја погледне трудницата в очи и да ѝ рече: „Твоето бебе е совршено“.

Прочитајте ја нејзината објава:

Емерсин

Ова е Еми. Му го испраќа писмото на специјалистот кој не сакаше таа да живее. Тој постојано мe советуваше да абортирам. Тој рече дека нејзиниот и нашиот квалитет на живот ќе бидат ужасни.

Драг докторе,

Неодамна, една моја пријателка сподели со мене дека кога специјалистот кој ја следел нејзината бременост ќе го видел бебето на сонограм, ѝ велел: „Тој е совршен“. Откако нејзиниот син се родил со Даунов синдром, таа го посетила истиот тој доктор. Докторот го погледнал малото момче и ѝ рекол: „Ти реков. Тој е совршен“.

Нејзината приказна ме трогна. Бев пресреќна за искуството на мојата пријателка, но истовремено се исполнив со бескрајна тага затоа што и јас можев да го имам тоа. Посакувам вие да бевте тој доктор.

Дојдов кај вас во најтешкиот период од мојот живот. Бев преплашена, анксиозна и тотално очајна. Сè уште не ја знаев вистината за моето бебе, а неа очајно ја барав од вас. Но, наместо поддршка и охрабрување, вие ми предложивте да ја прекинам бременоста. Ви го кажав нејзиното име, а вие повторно нè прашавте дали разбираме колку ќе се влоши квалитетот на нашиот живот со дете со Даунов синдром. Ни рековте да ја обмислиме уште еднаш одлуката за продолжување на бременоста.

Од таа прва посета, секој преглед ни беше ужасен. Најтешкиот период во мојот живот се претвори во неподнослив, бидејќи вие никогаш не ми ја кажавте вистината.

Дека моето дете беше совршено.

Не сум ви лута. Ниту сум огорчена. Само сум навистина тажна. Тажна сум затоа што малечките срца што бијат, кои ги гледате секој ден, не ве исполнуваат со бескрајно одушевување. Тажна сум зашто тие сложени детали и чудото на тие слатки мали прсти, бели дробови, очи и уши нè ве оставаат секогаш без зборови. Тажна сум што многу згрешивте кога рековте дека бебе со Даунов синдром ќе го намали квалитетот на нашиот живот. Срцето ми се кине што постои можност тоа да сте ѝ го кажале и на друга мајка денес. Но, најтажна сум затоа што никогаш нема да ја имате привилегијата да ја запознаете мојата ќерка Емерсин.

Знаете, Емерсин не само што додаде квалитет на нашиот живот, туку допре илјадници срца. Таа ни даде радост и цел кои не можат да се искажат со зборови. Таа ни даде многу пошироки насмевки, повеќе смеа и послатки бакнежи одошто некогаш сме искусиле. Таа ни покажа што значи вистинска убавина и чиста љубов.

Се молам ниту една друга мајка да не треба да помине низ она што поминав јас. Се молам и вие да започнете да ја гледате вистинската убавина и чиста љубов во секој сонограм. Се молам кога ќе го видите следното бебе со Даунов синдром со љубов стуткано во стомачето на мајка си, да погледнете во таа мајка и да ме видите мене, а потоа да ѝ ја кажете вистината: „Твоето дете е апсолутно совршено“.

Емерсин Џесика КвинЕмерсин со мајка си Џесика КвинЕмерсин со двете поголеми сестри Емерсин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10408 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.