„Децата навистина се благослов“: Мајка која роди 10 деца во 9 години споделува колкава радост ѝ носи големото семејство
Почетна » Новости » Животни стории » „Децата навистина се благослов“: Мајка која роди 10 деца во 9 години споделува колкава радост ѝ носи големото семејство

„Децата навистина се благослов“: Мајка која роди 10 деца во 9 години споделува колкава радост ѝ носи големото семејство

Мајка на 10 деца отворено ја споделува радоста што има големо семејство и е категорична дека „децата се најголемиот благослов“.

Кортни Роџерс Кортни Роџерс Кортни Роџерс Кортни Роџерс

35-годишната Кортни Роџерс првпат стана мајка кратко пред да наполни 26 години и за само 9 години, нејзиното семејство веќе брои 12 члена. Таа има родено еден пар двојајчани близнаци и три пара „Ирски“ близнаци (термин кој се користи за да се опишат две деца родени од иста мајка во иста календарска година), има поминато низ два спонтани абортуси и изгубила едно од своите деца кое живеело многу кратко.

Нејзиното големо семејство постојано привлекува зјапање, некултурни прашања и недолични коментари, но тоа воопшто не ѝ пречи на Кортни, која е пресреќна што го има.

Роџерс вели дека и таа и нејзиниот сопруг потекнуваат од семејства со многу деца, па ова воопшто не е чудно за нив.

„Со сопругот сме најстари деца од големи семејства. Во моето има 6 деца, а во неговото 10. Уште пред да стапиме во брак, разговаравме за деца, но немавме одредено некоја конкретна бројка. Се сеќавам дека сопругот предложи 10, бидејќи мајка му има 10. Јас се насмеав и му реков дека сум престара. Господ сигурно го слушна моето потсмевање и за само 10 години брак, ние бевме благословени со 11 бремености – седум единечни деца, еден пар близнаци, два спонтани абортуси и едно кое беше меѓу нас кратко време“ – споделува таа.

Кортни Роџерс Кортни Роџерс Кортни Роџерс Кортни Роџерс Кортни Роџерс

Кортни не се плаши да зборува за негативните страни на животот со толку многу мали деца. Сепак, според неа, позитивните страни се многу повеќе.

„Повеќе не можеме да ги изненадуваме пријателите и семејството, бидејќи сега, сите ја очекуваат веста. Мојот сопруг исто така не се изненадува, бидејќи тоа сега е нормален дел од целиот наш брак. Знам дека ова на многу луѓе им звучи непознато, но тоа е сè што ние знаеме, па искуството да се поминат неколку години без бременост, би било непознато за нас.“

„Се разбира дека грижата за толку многу мали деца има свои предизвици. Иако понекогаш ме полудуваат, не можам да си замислам да бидам среќна правејќи нешто друго. Некои од предизвиците се тоа што имам повеќе бебиња со пелени, што треба да барам повеќе од една дадилка за нив, што морам да резервирам повеќе од една хотелска соба, што возам и паркирам возило за 15 лица, што перам тони облека, што постојано чистам неред... Уф! Дали го споменав зјапањето и коментарите кои ги добивам кога ќе излеземе надвор? Кога ќе ми речат ‘рацете ти се полни’, а јаа сум само со две или три деца, секогаш ме засмејуваат. Кога само би знаеле! Еднаш бев излезена со две од моите девојчиња и некој ме праша дали ќе пробаме за момче. Морав да му ја соопштам веста дека веќе имам шест момчиња. Сум имала и коментари како: ‘Дали се сите од ист партнер?!’ или „Седум деца? Тоа е ужасно!“ – раскажува таа.

Кортни Роџерс Кортни Роџерс Кортни Роџерс Кортни Роџерс Кортни Роџерс Кортни Роџерс

За позитивните страни на имањето многу мали деца, Роџерс вели: „Една од позитивните страни да имаш мали деца на слична возраст е што имаш повеќе од едно дете на исто ментално/физичко ниво. Поради тоа, тие најчесто си играат заедно и се сложуваат, а ние уживаме правејќи ги истите работи. Друго нешто во кое уживам е возбудата за Божиќ, за родендените и за семејните патувања. Се надевам дека моите деца ќе пораснат сеќавајќи се на целата забава и хаосот кои ги имавме заедно.“

Кортни Роџерс Кортни Роџерс Кортни Роџерс Кортни Роџерс Кортни Роџерс

Кортни засега не планира да престане со проширувањето на семејството и вели дека тоа може да се случи само доколку има компликации во нејзината здравствена состојба.

„Честопати ме прашуваат дали планираме да имаме уште деца. Искрено не знам, бидејќи поради компликации во бременоста со близнаците, веќе имав два царски реза. Доколку се појават други компликации, мудро ќе размислиме за нашите опции за проширување на семејството. А дотогаш, ќе продолжиме да ги прифаќаме како што доаѓаат и да славиме за секој позитивен тест и за уникатниот мал живот кој тој го носи. Децата навистина се благослов“ – вели таа.

Кортни Роџерс Кортни Роџерс Кортни Роџерс Кортни Роџерс Кортни Роџерс Кортни Роџерс Кортни Роџерс Кортни Роџерс Кортни Роџерс Кортни Роџерс

Анкета

Анкета
Дали си го променивте однесувањето во врска со ракување, миење на рацете, допирање на лицето и одржување на социјална дистанца во услови на коронавирус?
  • 95%
  • 5%
Се испраќа...

(Вкупно: 3338 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?