Девојка со моќна тетоважа поттикнува разговори за депресијата
Почетна » Новости » Животни стории » Девојка со моќна тетоважа поттикнува разговори за депресијата

Девојка со моќна тетоважа поттикнува разговори за депресијата

Милиони лица низ светот страдаат од ментални болести, но ретко кој има храброст да зборува јавно за нив. Бека Мајлс е смела девојка која не се плаши да зборува за својата борба со депресијата и деновиве поттикна сериозни дискусии на интернет.

20-годишната студентка објави фотографија од својата тетоважа придружена со моќна порака, за да ја подигне свеста за менталните болести. Тетоважата пренесува две пораки. Кога ја гледате однапред на неа пишува „I’m fine“ или „Добро сум“, но кога ја гледате од перспектива на Мајлс на неа се чита „Save me“ или „Спаси ме“.

Бека Мајлс Бека Мајлс

На Мајлс ѝ била дијагностицирана депресија минатата година, но наместо да се насочи кон тивка борба со болеста, таа решила гласно да зборува за неа. Нејзината објава на Facebook досега е споделувана над 320.000 пати и има речиси 38.000 коментари.

Еве ја нејзината порака:

(Драги мама и тато, ве молам не ме убивајте за овој траен избор. Сакам да ме ислушате.)

Денес ви откривам нешто кое многу малку од вас го знаат. Подготвена сум да разговарам за мојата ментална болест.

Минатата година ми беше дијагностицирана депресија... Денес, си ја направив оваа тетоважа... Кога сите останати ја гледаат, тие гледаат „Добро сум“, но од моја гледна точка, на неа пишува „Спаси ме“. Според мене, таа зборува за личност која на другите им изгледа добро, но во реалноста, таа воопшто не е добро. Таа ме потсетува дека е можно луѓето кои изгледаат среќни да се борат со самите себе.

За мене, депресија се деновите кога се чувствувам тажно без никаква причина.

Депресија се утрата кога не се чувствувам способна да станам од кревет.

Депресија е предолгото спиење или прекраткото спиење.

Депресија е домашната работа која никогаш не ја завршив, едноставно затоа што не се чувствував способна.

Депресија се нервните напади кои ги имам апсолутно без да има причина за нив.

Депресија е премногу јадење или премалку јадење.

Депресија се ноќите кога започнувам да плачам зашто сум совладана од емоции иако сè тече во најдобар ред.

Депресија се 20-те килограми кои ги носам во моите гради постојано.

Депресија е потребата постојано да си го одвлекувам вниманието (со социјалните мрежи, со видео игри, со филмови или емисии или со работа) за да не бидам насамо со моите мисли подолго од 3 минути.

Депресија се пријателствата кои настрадаа затоа што не бев способна да функционирам.

Депресија се моите лоши мисли и постапки кон себе.

Депресија се солзите кои ги леам затоа што не можам да разберам како може да се чувствувам толку безвредно, кога знам дека треба да бидам среќна.

Менталните болести се сериозни, но срамни во нашето општество. Се грижиме премногу за нашето физичко здравје, а не правиме ништо за нашата ментална состојба. А тоа е многу погрешно. Менталните болести не се избор и тие го засегаат секој човек во одреден момент во животот. Па, ако тие се толку важни, зошто не разговараме за нив?...

„Мислам дека најтажните луѓе секогаш најсилно се трудат да ги усреќат другите, бидејќи знаат како е да се чувствуваш безвредно и не сакаат другите да се чувствуваат така“ – Робин Вилијамс.

(Dear mom and dad, please don’t kill me over this permanent choice. I want you to hear me out.)Today, I am coming out...

Posted by Bekah Miles on недела, 23 август 2015

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
  • 25%
  • 6%
  • 5%
  • 6%
  • 3%
  • 3%
  • 11%
  • 12%
  • 27%
Се испраќа...

(Вкупно: 5997 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?