Девојка го раскажа своето искуство со коронавирусот и порача: „Симптомите кои ви ги кажуваат не се сите симптоми“
Почетна » Новости » Животни стории » Девојка го раскажа своето искуство со коронавирусот и порача: „Симптомите кои ви ги кажуваат не се сите симптоми“

Девојка го раскажа своето искуство со коронавирусот и порача: „Симптомите кои ви ги кажуваат не се сите симптоми“

Девојка го раскажа своето искуство со коронавирусот за да предупреди дека може да имате сосема поразлични симптоми од оние кои ви ги кажуваат и да сте носители на КОВИД-19.

Џулија Бускаља од САД била во Италија кога вирусот започнал да зема сè поголеми размери. Првите симптоми таа ги почувствувала на 29 февруари и веќе следниот ден посетила доктор за да се увери дека го нема вирусот. Тој ѝ рекол дека станува збор за обична настинка.

20-годишната Американка вели дека единствениот симптом кој се совпаѓал со оние карактеристични за вирусот била нејзината покачена температура. Други симптоми кои ги имала биле болка во телото, намален слух и загуба на чувството за мирис и вкус. Дури по две недели од првите симптоми, таа имала кашлица, која не била сува, туку била продуктивна.

Еве ги објавите на Џулија на Twitter:

Џулија Бускаља

Имам 20 години и сум позитивна на КОВИД-19.

Немаше да ја споделам мојата приказна, но сега, кога гледам дека другите соопштуваат за многу поразлични симптоми од моите, чувствувам дека е важно да им раскажам на сите за моето искуство.

29 февруари: На овој ден се разбудив во агонија. Главата ми пулсираше, ушите ме болеа и чувствував дека во грлото ми гори. Целото тело ме болеше, имав трески и температура 37,8. Се напив аналгетик и останав во кревет цел ден.

1 март: Се разбудив и се чувствував подобро, но загриженоста во Италија ме натера да одлучам да одам на доктор. Докторот ме прегледа и рече дека имам настинка. Продолжив со мојот ден. Во тој момент, започнав да го губам слухот во моето лево уво, но заклучив дека можеби ми е само затнато. Сè уште не кашлав.

2 март: Слухот во двете уши ми беше значително намален. Можев да почувствувам шлајм во задниот дел од грлото, но повторно помислив дека е само настинка, бидејќи така ми рече стручно лице. Како што Италија стануваше место на загриженост, од нашата програма нè натераа да се вратиме дома.

3 март: Мојот последен ден во Италија, сè уште не можев да слушам и во тој момент ја изгубив мојата способност за мирис и вкус. Сè уште не кашлав и не ми течеше носот. Константно имав главоболка во текот на денот, која што ја лекував со Tylenol. Следното утро се вратив назад во Америка.

4 март: Ова е денот на кој се навраќам со страв. Слетав дома и никој не ме праша каде бев. Дури ни царинарниците. Ниту око не им трепна за мене. Преспав во ГОЛЕМИ градови. Немаше ниту трошка сомнеж во мојот ум дека го немам вирусот.

5-13 март: Како што ни беше речено, останав во само-изолација во текот на овие денови. Имав контакт само со две лица. Немав ниту еден од симптомите за кои нè предупредуваа. Имав ПРОДУКТИВНА кашлица. Конечно ми се вратија сетилата за слух, мирис и вкус.

13 март: Да, ме тестираа на петок 13, коинциденција? Не планирав да се тестирам, но членови на моето семејство работат во здравство и сакаа да се уверат дека сум добро пред да се вратам на работа. Моравме да побараме да ме тестираат, но одбиваа додека не побаравме многупати.

14 март: Повторно, НЕМАМ симптоми, уште малку кашлам, но си реков дека не е ништо загрижувачко. Додека... не ми се јавија да ми кажат дека сум позитивна на КОВИД-19. Останав со отворена уста. Како може да сум позитивна? Ги немав симптомите кои ги кажуваа на вестите, ме прегледа доктор и на никој царинарник не му беше гајле дека доаѓам од земја со висок ризик. Ви го кажувам сето ова, бидејќи симптомите кои ви ги кажуваат, не се СИТЕ симптоми. И НЕ мора да ги имате сите симптоми за да бидете позитивни. Единствениот сличен симптом кој го имав јас беше покачена температура.

Не знам како се заразив. Медицинското лице на кое секој ден му ја соопштувам мојата температура нема поим како се пренесува. Поради тоа сите треба да останеме дома. Јас ќе останам во карантин додека тестот да покаже негативен ДВАПАТИ. Дома сум од 5 март.

Знам дека многумина од вас имате пролетен одмор, патувања, работа и планирани активности. Но, сакам да разберете дека многу индивидуи на моја возраст не покажуваат никакви симптоми. Знам дека се смееме и шегуваме дека го немаме вирусот. Но, ова повеќе не е шега. Ве молам, одложете ги вашите патувања.

Сега сум целосно здрава, но тоа не значи дека не сум заразна. Истото може да важи и за вас. Ве молам останете дома. Бидете паметни и безбедни. Ограничете ги контактите со луѓе, бидејќи ова ќе се влошува пред да започне да се подобрува.

На оние кои се во иста ситуација како мене, им посакувам брзо опоравување и да останат здрави. Пијте многу течности и мијте ги рацете. Ве молам запомнете дека само затоа што не покажувате никакви симптоми НЕ значи дека го немате вирусот.

Џулија Бускаља Џулија Бускаља Џулија Бускаља Џулија Бускаља Џулија Бускаља Џулија Бускаља Џулија Бускаља Џулија Бускаља Џулија Бускаља Џулија Бускаља Џулија Бускаља Џулија Бускаља Џулија Бускаља Џулија Бускаља

Анкета

Анкета
Дали си го променивте однесувањето во врска со ракување, миење на рацете, допирање на лицето и одржување на социјална дистанца во услови на коронавирус?
  • 96%
  • 4%
Се испраќа...

(Вкупно: 2128 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?