Вистински херој до крајот: Светот се збогува со „докторот на сиромашните“
Почетна » Новости » Животни стории » Вистински херој до крајот: Светот се збогува со „докторот на сиромашните“

Вистински херој до крајот: Светот се збогува со „докторот на сиромашните“

Милиони луѓе од целиот свет се збогуваат со доктор Мохамед Мешели, нарекуван „докторот на сиромашните“.

До самата смрт на 76-годишна возраст, египетскиот доктор им помагаше на најсиромашните.

„Се заколнав пред Бог дека нема да земам пари од сиромашна личност и ќе останам во мојата клиника за да им помагам на сиромашните“ – има изјавено тој.

Мохамед Мешели

Самиот Мохамед растел во незавидни услови, но една конкретна трагедија му го определила животниот пат.

Во рамките на едно интервју, тој раскажа: „Имаше 10-годишно дете со дијабетес од многу сиромашно семејство. Кога побара од мајка му инсулин, таа му рече дека не може да си дозволи да купи, затоа што има пари само за вечера за да ги нахрани другите деца.“

Детето се самозапалило за да не му биде товар на семејството, а Мохамед бил до него во последните моменти од животот. „Детето умре и тоа беше голема трагедија. Тој инцидент навистина влијаеше на мене и ме направи Докторот на сиромашните“ – објаснил тој.

Со децении, пациентите плаќале само симболична сума за лекување во клиниката на Мохамед, а понекогаш воопшто не земал пари и дури им обезбедувал бесплатни лекови.

Мохамед Мешели Мохамед Мешели

И покрај тоа што се соочувал со финансиски потешкотии за да ги школува своите деца, тој до самиот крај си стоел на ветувањето.

Кога приказната за неговата хуманост се расчу низ Египет, многумина понудиле да донираат за него, но тој ги одби со образложението: „Одбивам донации и ги советувам да им понудат донации на сиромашните. Мене не ми се потребни донации, дајте им ги на бездомните деца и децата без покрив на главата.“

Смртта на Мохамед поттикна многу коментари на социјалните мрежи во кои се потенцира неговата добрина и посветеност.

Мохамед Мешели

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 19%
Се испраќа...

(Вкупно: 6377 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.