ВИДЕО: Ослабе 122 килограми, па ја покажа виснатата кожа за да пренесе важна порака
Почетна » Новости » Животни стории » ВИДЕО: Ослабе 122 килограми, па ја покажа виснатата кожа за да пренесе важна порака

ВИДЕО: Ослабе 122 килограми, па ја покажа виснатата кожа за да пренесе важна порака

Кога Мет Дијаз имал 16 години, тежел 225 килограми, но во изминативе шест години, успеал речиси да ја преполови својата тежина, ослободувајќи се од неверојатни 122 килограми. Големата трансформација во неговиот изглед наишла на бран комплименти онлајн, но зад облеката, Дијаз до неодамна криел тајна која му ја гризела самодовербата и совеста.

Мет ДијазМет пред и по слабеењето

Во емотивно видео, 22-годишниот Американец ја покажа пред светот виснатата кожа и порача: „Сакам да сум горд на она што сум и сакам сите вие да бидете горди на тоа што сте“.

Мет Дијаз

Дијаз чувствувал дека мора да биде потполно искрен со илјадниците обожаватели кои го следеле неговиот напредок и се инспирирале од неговата решителност.

„Зборував многу за одржувањето на позитивен став кон изгледот на телото и за самодовербата, а чувствував како да кријам нешто од луѓето на кои им кажував да се сакаат себеси. Чувствував дека не сум искрен кон нив и кон себе“ – рекол тој, објаснувајќи зошто го снимил видеото.

На почетокот на видеото Дијаз вели: „Никогаш досега немам покажано како изгледа вишокот кожа на моето тело. Сметам дека е важно да покажам, затоа што сакам да бидам отворен со вас за тоа кој сум јас и за тоа какво е моето тело“.

Мет Дијаз

„Не се срамам од себе, работев навистина напорно за да го постигнам ова, а сè уште го немам телото кое го посакував, но навистина се трудам да се сакам себеси“ – додава Мет, кој за да ја намали тежината си направил операција за стеснување на желудникот, преминал на здрава исхрана и практикувал редовна физичка активност.

Мет Дијаз

Дијаз се плашел да го објави видеото онлајн, бидејќи стравувал од негативни реакции и лоши коментари. Но, наместо да биде осудуван, во изминатите неколку дена тој доби бројни пофалби за храброста да се разголи јавно. Освен морална поддршка, Дијаз доби и голема финансиска поддршка. Имено, за да може да се ослободи од вишокот кожа со помош на операција, биле донирани над 54.000 долари, многу повеќе отколку што реално му се потребни.

Мет Дијаз Мет Дијаз

Видео

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
  • 25%
  • 6%
  • 5%
  • 6%
  • 3%
  • 3%
  • 11%
  • 12%
  • 27%
Се испраќа...

(Вкупно: 6029 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?