„Ве преколнувам да го сфатите ова сериозно“: Медицинска сестра предупредува за ужасните последици од коронавирусот
Почетна » Новости » Животни стории » „Ве преколнувам да го сфатите ова сериозно“: Медицинска сестра предупредува за ужасните последици од коронавирусот

„Ве преколнувам да го сфатите ова сериозно“: Медицинска сестра предупредува за ужасните последици од коронавирусот

Медицинска сестра ја опиша борбата со коронавирусот на Оддел за интензивна нега во САД за да порача да ја сфатиме пандемијата сериозно.

Александра Масијас сподели фотографија на која ги покажува раните на лицето од заштитната опрема, но најболните рани се наоѓаат во нејзината душа и веројатно никогаш нема да заздрават. Во брутално искрен текст, таа раскажа со што се соочува секој ден. Еве го нејзиниот текст:

Медицинско лице

Немам објавено ништо ново со денови, бидејќи не можам да најдам што позитивно да ви кажам. Со денови се обидувам да си ја променам перспективата и да бидам зрак светлина во ова мрачно време, но не успевам.

Никогаш досега не сум видела нешто слично на ова, никогаш не сум се грижела за некој кој е толку многу здрав, но истовремено и смртно болен. Со денови работам на импровизиран оддел за интензивна нега, бидејќи нема други сестри кои ќе работат на овој оддел. Нема доволно персонал и покрај тоа што секојдневно се вработуваат нови лица. Нема доволно искусен персонал (бидејќи кој човек на Земјата има искуство за ова ниво на влошено здравје?!), нема доволно опрема. Не можам ниту да добројам колку пати имам слушнато: „Можевме да пробаме да го направиме ова ама го немаме тоа“. Јас не сум сестра која работи на интензивна нега, но ретко некој од нас тука има работено на интензивна.

Бидејќи сум на интензивна нега, се грижам за моите пациенти ден по ден додека не умрат. Никој го нема напуштено нашиот оддел поинаку освен во мртовечка вреќа. Се трудам да ја најдам смислата што сум тука. Со денови им преведувам шпански на пациенти, иако не знам добро шпански, затоа што сè е подобро од тоа ништо да не разбираат.

Сум видела пациенти кои доаѓаат пред да им бидат дадени седативи или да бидат вклучени на респиратор, а кои се во лоша состојба и преплашени. Им објаснувам што му прави КОВИД-19 на нивното тело и кои се ризиците од тоа да бидат интубирани vs. да не бидат. Сум слушала како овие луѓе им се јавуваат на свои роднини за последен пат пред да бидат интубирани. Ако можам да речам дека сум помогнала во нешто тука е тоа што сум им ги подарила тие последни моменти со нивните семејства.

Откако ќе им се дадат седативи, нивните лични предмети остануваат тука. Нивните телефони сè уште ѕвонат. Најлошото е што слушаш како им ѕвонат телефоните, знаејќи дека некој ги бара и се моли да одговорат уште еднаш. Овие луѓе не се стари. Тие се млади. Многу од нив се без претходни здравствени проблеми. Силни луѓе, во одлична физичка форма. Еден од нив работеше на 5 работни места пред КОВИД да му го разори телото. Овој вирус убива луѓе. Сите тука умираат на крајот, гледаме само подолго време да ги задржиме полуживи.

Чувствувам дека нашите напори се залудни, но продолжувам да се трудам максимално и толку се вознемирувам бидејќи знам дека ако беше член од моето семејство тука, ќе посакував некој друг да го направи истото за него.

Кога нивното тело ќе престане да се бори, ги ставаме во мртовечка вреќа. Како медицинска сестра, сум видела стотици луѓе како умираат, но сите тие обично се опколени со најмилите, или пак, му даваме време на семејството да се збогува. Не е така со КОВИД. Нема збогување за никој. Не можам да ви опишам колку е болно ова, колку е реално и колку се плашам што знам дека може да биде вака и во мојот роден крај.

Не можам да ве принудам на ништо, но буквално ве преколнувам да нè слушате нас, здравствените работници, и ова да го сфатите сериозно. Срцето ме боли за сите семејства кои прерано изгубија луѓе, за оние кои се болни и апсолутно преплашени и за сите нас кои со сигурност ќе имаме посттрауматски стрес кога сето ова ќе заврши.

Медицинско лице Медицинско лице Медицинско лице

Анкета

Анкета
Сметате ли дека е добра мерката за задолжително носење на заштитна опрема на лицето (маска, шал)?
  • 63%
  • 37%
Се испраќа...

(Вкупно: 5981 гласа)

Цитат

Можеш да ги исечеш сите цвеќиња, но не можеш да ја спречиш пролетта да дојде.

Пабло Неруда

Виц

Се качувам на вага по завршувањето на карантинот.

Вагата покажува: „Ве молам почитувајте социјално дистанцирање. Качувајте се еден по еден!“