„Бев во агонија со години“: Оливија Кулпо сподели фотографии по операцијата за ендометриоза за да ја подигне свеста за болеста
Почетна » Новости » Животни стории » „Бев во агонија со години“: Оливија Кулпо сподели фотографии по операцијата за ендометриоза за да ја подигне свеста за болеста

„Бев во агонија со години“: Оливија Кулпо сподели фотографии по операцијата за ендометриоза за да ја подигне свеста за болеста

Оливија Кулпо беше оперирана поради ендометриотични (чоколадни) цисти предизвикани од ендометриоза.

28-годишниот модел, кој во 2012 година стана Мис Универзум, сподели фотографии направени по тричасовната операција, заедно со искрена порака. Бидејќи со години добивала погрешни дијагнози од докторите, целта на Оливија сега е да ја зголеми свеста за болеста и да порача дека болните менструации не се нормални.

Оливија ја добила дијагнозата пред околу една година, а летово им го откри тоа на нејзините фанови.

Оливија Кулпо Оливија Кулпо Оливија Кулпо

Вчера бев оперирана за мојата ендометриоза. Ова не е гламурозен пост, но чувствував дека треба да го споделам ова, за да ја зголемам свеста за оваа болест. Ендометриоза е состојба при која ткиво од обвивката на матката одлучува да расте на други делови од телото, предизвикувајќи болка. Ова може да влијае на плодноста и на целокупното здравје и да бидам искрена – на среќата.

Болката е измачувачка, но речиси е невозможно да се види преку ултразвук (освен ако немате чоколадни цисти на јајниците – тоа е она што јас го имав). Бев во агонија со години во деновите околу мојата менструација и многупати добивав погрешна дијагноза од докторите. „Само земај парацетамол секој ден“, „Ултразвукот изгледа нормално“, „Мислам дека треба повеќе да се одмараш, циклусите секогаш се непријатни за сите“ итн. Знам дека на многу луѓе во Ендо заедницата ваквите дијагнози им се добро познати и поради тоа толку многу сакав да зборувам за ова. Болните менструации не се нормални!!!

До сите кои имаат ендометриоза: Ја разбирам депресијата и целокупната осаменост која доаѓа со оваа состојба, која е толку болна, а толку тешка за толкување за другите луѓе надвор од телото. Тешко е кога хроничната болка не е призната и кога не добиваш одговор или разбирање.

До моите Ендо воини: Ќе продолжам да ширам поголема свест за вашите симптоми да бидат земени предвид. Не сте сами и многу сте силни!!!

Оливија
Оливија Кулпо Оливија Кулпо Оливија Кулпо

Оливија е меѓу напознатите и најбараните модели на светот.

Оливија Кулпо

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за вакцина против КОВИД-19?
  • 16%
  • 20%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10477 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.