Апел за помош за 20-годишниот Дарко од Ресен со одземеност на раце и нозе поради повреда при скок во вода
Почетна » Новости » Животни стории » Апел за помош за 20-годишниот Дарко од Ресен со одземеност на раце и нозе поради повреда при скок во вода

Апел за помош за 20-годишниот Дарко од Ресен со одземеност на раце и нозе поради повреда при скок во вода

Дарко Циревски има потреба од помош. 20-годишното момче од Ресен при скок во вода го повредил петтиот вратен пршлен, при што настанала повреда на 'рбетниот мозок.

Нему му е дијагностицирана квадриплегија (одземеност на раце и нозе).

„Квадриплегија претставува парализа на сите четири екстремитета. Моторните и/или сензорните функции во вратните ’рбетни сегменти се намалени или изгубени поради оштетувања на тој дел од ’рбетниот мозок, што предизвикува намалување на функционалноста на рацете како и на нозете, трупот и карличните органи.“

Дарко

Храброто момче интензивно применувало вежби и одело на терапии, но за да се подобри неговата состојба, потребно е продолжување на третманите во Хрватска.

За таа цел, на Дарко и неговото семејство потребни им се 26.000 евра, кои не можат сами да ги обезбедат.

Телефони за донации:

  • TELEKOM: 143-144
  • VIP: 143-470
  • (со секој повик донирате 100 ден.)

    Жиро сметка: 210501677982873

    Банка: НЛБ Банка

    За донација од странство:
    IBAN Code: MK07210501677982873
    Bank name: NLB BANKA AD SKOPJE
    Bank address: Majka Tereza br. 1
    SWIFT Code: TUTNMK22

    Прочитајте ја неговата порака на Facebook:

    „Јас Дарко Циревски 20 год. од Ресен во 2017 год. доживеав несреќа при скок во вода го повредив петтиот вратен пршлен, при што настана повреда на 'рбетниот мозок. Дијагностицирана ми е quadriplegia (одземеност на раце и нозе). По долготрајни терапии и вежби во центрите во Македонија, стигнав до стадиум да ми требаат поинтензивни вежби и роботика со цел што повеќе да се подобри мојата состојба. По консултации со повеќе стручни лица ми е сугерирано да продолжам со поинтензивни терапии во poliklinika Glavic (Zagreb, Hrvatska), каде нивниот третман од 3 месеци чини околу 26.000 евра, цена која јас и моето семејство не можеме да ја обезбедиме, па затоа ги замолувам сите добри и хумани луѓе да ми помогнат да ги соберам потребните финансиски средства и да одам во најкраток можен рок. Ви благодарам од срце.“

    Дарко

    Анкета

    Анкета
    Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
    • 25%
    • 6%
    • 6%
    • 7%
    • 3%
    • 3%
    • 12%
    • 12%
    • 26%
    Се испраќа...

    (Вкупно: 9509 гласа)

    Цитат

    Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

    Анонимен

    Виц

    Мажите со брада во 1819 година:

    - Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

    Мажите со брада во 2019 година:

    - Органски ли е овој крем за раце?