Апел за помош: Да му помогнеме на 24-годишниот Јован да се исправи на нозе
Почетна » Новости » Животни стории » Апел за помош: Да му помогнеме на 24-годишниот Јован да се исправи на нозе

Апел за помош: Да му помогнеме на 24-годишниот Јован да се исправи на нозе

Несреќа при работа целосно му го промени животот на младиот Јован Ивев. 24-годишниот младич сега е неподвижен и е неопходно да замине на лекување во соседна Србија. Но, за да ја добие шансата да се исправи на нозе, потребно е да му помогнеме.

Неговата сестра накратко раскажа за несреќата и ги повика хуманите луѓе да донираат:

Јован Ивев

Ве молам споделувајте!

Драги пријатели, се работи за мојот брат Јован Ивев кој има 24 години. На 23.09.2019 година како возач на камион имаше несреќа при истовар на роба во Ротердам, Холандија.

При истовар врз него се паднати метални цевки од околу 2.500 кг. Металните цевки му ги нагмечиле главата, градниот кош, абдоменот, карлицата и нозете.

Отстранувањето на цевките траело долго при што тој е останат без кислород и реакција на срцето. По пристигнување на брзата помош тој е реанимиран и после неколку минути вратен во живот.

Во болницата во Холандија е лекуван 3 месеци по што е испратен во Македонија за понатамошно лекување.

Поставена му е дијагноза Dg. QUDRIPARESIS. St. Post. Plytraumatismus.

За понатамошно лекување во моментов ни се потребни средства од 10.000 евра за алтернативно лекување, односно роботска неурорехабилитација, физикална и интерна терапија, рехабилитација и негово закрепнување во Поликлиника Неуромедик Ниш, Србија.

Во моментов тој е неподвижен, ве замолувам за помош за тој да се исправи на нозе.

Броеви за донација

143 138 (Македонски Телеком)

143 777 (A1)

Сметка за донација

250014000660205 Sparcasse Banka
Јован Ивев

Сметка за донација од странство

Acc. No 02-307-06574978
IBAN MK07300307065749778
SWIFT KOBSMK2X
Sneza Iveva

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 38%
  • 17%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 3435 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.