Почетна » Новости » Животни стории » Апел за помош: Да му помогнеме на малиот Кристијан да застане на нозе

Апел за помош: Да му помогнеме на малиот Кристијан да застане на нозе

Весна Дојчинова Андреева моли за помош за своето синче Кристијан. Момчето страда од тешка форма на аутизам и епилепсија, а поради скршен колк, тој сега е врзан за инвалидска количка.

Прочитајте го нејзиниот апел и донирајте на подолу наведените броеви. Заедно да помогнеме Кристијан да застане на нозе.

Кристијан

Кога очекувавме дека дојде крајот на маките на Кристијан, после сите поминати операции, третмани, голготи... кога очекувавме дека Кристијан ќе биде подобро, се случи тоа што воопшто не го очекувавме!

Кристијан падна и го скрши колкот. Поради неговата состојба (аутизам и епилепсија) во Македонија не се нафаќаат на операција и истата треба да ја чекаме уште 4 години, бидејќи Кристијан сега е дете и овие операции не се праваат на деца.

Покрај овие состојби Кристијан има и остеопороза што дополнително пречи колкот да зарасне. Секој ден Кристијан пие терапија против болки кои се неиздржливи, не може да се движи, врзан е за количка. Никој не ни гарантира дека Кристијан после 4 години ќе го оперираат и дека ќе може да застане на нозе.

Барајќи го спасот секаде, не можејќи да дозволиме ваква неизвесност и вака да го оставиме Кристијан, најдовме болница во Турција која се нафати да го оперира по Judet Meyers метода за да може Кристијан да оди и да застане на нозе.

Операцијата чини 10.000 евра кои ние ги немаме ниту пак можеме некако да ги обезбедиме без ваша поддршка.

Ние како родители ве замолуваме да ни помогнете да ја поминеме и оваа голгота и да ги собереме потребните парични средства за да може нашиот син да застане на нозе.

Број за донација

143 125 (Телеком)

143 464 (A1)

Сметка за донација

210-7000006478-05
НЛБ Банка

За донации од странство

IBAN CODE MK 07210501699259629
SWIFT TUTNMK22

Отворен е и профил за донации на GoFundMe.

Кога очекувавме дека дојде крајот на маките на Кристијан, после сите поминати операции, третмани, голготи... кога...

Posted by Vesna Dojcinova Andreeva on Wednesday, March 3, 2021

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9534 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.