Почетна » Новости » Актуелно » 438 новозаразени и 6 смртни случаи од коронавирус во Македонија

438 новозаразени и 6 смртни случаи од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 2.306 тестирања, а има 438 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје 200
  • Куманово 21
  • Дебар 1
  • Штип 17
  • Прилеп 13
  • Тетово 27
  • Велес 7
  • Битола 18
  • Охрид 16
  • Кавадарци 9
  • Гостивар 2
  • Гевгелија 10
  • Струмица 30
  • Крива Паланка 6
  • Радовиш 6
  • Кочани 15
  • Пробиштип 1
  • Пехчево 3
  • Берово 2
  • Валандово 3
  • Виница 3
  • Делчево 5
  • Кратово 1
  • Свети Николе 3
  • Кичево 9
  • Ресен 5
  • Неготино 5
коронавирус податоци

Во болнички услови починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје (75, 89 и 68г), од Крива Паланка (62г), Струмица (64г) и пациент од Штип (78г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 191 оздравен пациент од:

  • Скопје 85
  • Куманово 12
  • Дебар 1
  • Штип 9
  • Прилеп 7
  • Тетово 10
  • Битола 4
  • Кавадарци 7
  • Гостивар 5
  • Гевгелија 4
  • Крива Паланка 1
  • Радовиш 5
  • Кочани 21
  • Пробиштип 1
  • Берово 6
  • Виница 2
  • Делчево 1
  • Свети Николе 5
  • Кичево 2
  • Ресен 2
  • Неготино 1

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 65 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 8 мајки позитивни на КОВИД-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 46 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 229, позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

Досега во земјата се направени вкупно 216.541 тестирања на КОВИД-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 22.607, бројката на оздравени пациенти е 16.949, на починати е 821, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.837.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11066 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.