38 новозаразени, 16 оздравени и 3 починати од коронавирус во нашата држава
Почетна » Новости » Актуелно » 38 новозаразени, 16 оздравени и 3 починати од коронавирус во нашата држава

38 новозаразени, 16 оздравени и 3 починати од коронавирус во нашата држава

Министерството за здравство соопшти дека во изминатото деноноќие се регистрирани 38 лица заразени со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Според местото на живеење, новозаразените се од Скопје (24), Куманово (4), Штип (4), Тетово (3), Битола (1), Неготино (2).

Коронавирус

Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти, и тоа од Скопје (1), Куманово (1), Прилеп (4), Велес (9) и Битола (1).

Починаа двајца пациенти од Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 74-годишен пациент, лекуван на клиниката од 21 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 57 години, хоспитализиран на 23 мај. Во Институтот, од болницата Ремедика, за анализа е пристигнат постмортем брис на пациент од Скопје (53г) и истиот е позитивен на КОВИД-19.

Во последните 24 часа, направени се 560 тестирања.

Досега во земјата се направени вкупно 27.023 тестирања на КОВИД-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 168 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Куманово и Скопје и не се регистрирани позитивни случаи.

Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.077, бројката на оздравени пациенти е 1.486, на починати е 122, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 469.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 8961 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.