185 новозаболени и 11 починати од коронавирус во Македонија
Почетна » Новости » Актуелно » 185 новозаболени и 11 починати од коронавирус во Македонија

185 новозаболени и 11 починати од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство ги објави најновите податоци за состојбата со коронавирусот според која, во изминатите 24 часа потврдени се 185 нови заболени лица од КОВИД-19.

По градови, новозаболените се од:

  • Скопје - 96
  • Куманово - 2
  • Дебар - 18
  • Штип - 4
  • Прилеп - 1
  • Тетово - 14
  • Струга - 20
  • Велес - 2
  • Битола - 2
  • Охрид - 7
  • Кавадарци - 2
  • Гостивар - 2
  • Крива Паланка - 1
  • Пробиштип - 1
  • Свети Николе - 2
  • Кичево - 3
  • Ресен - 8
податоци

Починати се 11 лица, осум од Скопје, еден пациент од Куманово, еден од Штип и еден од Тетово. Во ГОБ „8 септември“ починаа осум лица, пациент (53г) примен на 17 јуни, пациент (66г) примен на 5 јуни, пациент (67г) примен на 15 јуни, пациентка (65г) примена на 10 јуни, пациентка (73г) примена на 9 јуни, пациент (62г) хоспитализиран на 15 јуни, пациентка (65г) примена на 13 јуни и пациент на (76г).

Во ОБ Куманово почина пациент (78г) хоспитализиран на 12 јуни. Во КБ Штип почина пациент (63г) примен на 18 јуни, во Тетово почина пациентка (62г), потврдена позитивна на 17 јуни.

податоци

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 41 оздравен пациент.

- Скопје 29
- Куманово 1
- Штип 4
- Тетово 2
- Велес 4
- Гостивар 1

Во последните 24 часа се направени 1.364 тестирања.

Досега во земјата се направени вкупно 50.384 тестирања на КОВИД-19. Во рамките на скринингот се направени 77 теста во градинки во Штип и нема позитивни резултати на КОВИД-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.005, бројката на оздравени пациенти е 1.904, на починати е 233, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.868.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 8961 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.