153 новозаразени, 75 оздравени и 6 починати од коронавирус во Македонија
Почетна » Новости » Актуелно » 153 новозаразени, 75 оздравени и 6 починати од коронавирус во Македонија

153 новозаразени, 75 оздравени и 6 починати од коронавирус во Македонија

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека во изминатите 24 часа направени се 1.279 тестирања, а регистрирани се 153 новозаболени.

Според местото на живеење, новозаразените со коронавирусот се од:

  • Скопје - 66
  • Куманово - 13
  • Штип - 13
  • Прилеп - 2
  • Тетово - 20
  • Струга - 7
  • Битола - 1
  • Охрид - 7
  • Крива Паланка - 1
  • Кочани - 1
  • Пробиштип - 1
  • Свети Николе - 3
  • Кичево - 6
  • Ресен - 12
Податоци

За жал, 6 пациенти ја изгубија битката со болеста - еден пациент од Скопје, двајца од Штип, еден од Тетово, еден пациент од Охрид и еден од Ресен.

Во ГОБ „8 септември“ по прием е починат пациент (53г) од Ресен. Починат е пациент од Скопје (61г), лекуван болнички до 23 јуни. Во болницата во Штип починаа две лица, пациент (80г) хоспитализиран на 5 јуни и пациент (75г) хоспитализиран на 24 јуни.

Во ОБ Охрид почина пациент (68г) години, хоспитализиран на 23 јуни. Денеска институтот евидентира и претходно починат пациент од Тетово (79г).

Институтот за јавно здравје потврди дека има и 75 оздравени пациенти од: Скопје (47), Штип (13), Прилеп (1), Тетово (3), Струга (2), Велес (1), Охрид (3), Кавадарци (1), Гевгелија (2), Кочани (1) и Пробиштип (1).

Податоци

Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.595, бројката на оздравени пациенти е 2.166, на починати е 265, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.164.

Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 98 пациенти. На кислородна поддршка се 51 пациент, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 2 деца сомнителни на КОВИД-19 и 11 возрасни позитивни пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, вкупно хоспитализирани се 135 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 81 пациент – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

  • Чаир – 416
  • Аеродром – 141
  • Бутел – 136
  • Гази Баба – 151
  • Центар – 123
  • Карпош – 121
  • Сарај – 138
  • Кисела Вода – 109
  • Ѓорче Петров – 88
  • Студеничани – 94
  • Шуто Оризари – 77
  • Арачиново – 51
  • Илинден – 32
  • Петровец – 16
  • Чучер Сандево – 17
  • Сопиште – 12
  • Зелениково – 2
  • Странец – 3
  • Нераспределен – 7

Филипче одржува прес-конференција заедно со д-р Фабио Скано, советник на регионалниот директор на СЗО Европа:

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 8961 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.