Уште 2 нови заболени со коронавирус (вкупно 18), први случаи во Струмица и Гевгелија
Почетна » Новости » Актуелно » Уште 2 нови заболени со коронавирус (вкупно 18), први случаи во Струмица и Гевгелија

Уште 2 нови заболени со коронавирус (вкупно 18), први случаи во Струмица и Гевгелија

Министерот Венко Филипче пред малку извести дека во изминатото деноноќие имало 16 нови случаи на коронавирус, но за време на прес-конференцијата, Институтот за јавно здравје потврди уште два. Со тоа, бројот на нови заболени е 18.

Во однос на местото на живеење, 6 се од Штип, 3 од Скопје, 3 од Велес, 2 од Струга, 1 од Струмица, 1 од Дебар, 1 од Тетово и 1 од Гевгелија.

Заболени од КОВИД-19

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 259 лице. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

  • Скопје - 145
  • Дебар – 46
  • Куманово – 21
  • Штип- 14
  • Прилеп - 8
  • Велес - 6
  • Тетово - 5
  • Струга- 5
  • Охрид - 3
  • Кавадарци - 2
  • Гостивар - 1
  • Битола - 1
  • Гевгелија - 1
  • Струмица - 1

Филипче на денешната прес-конференција соопшти дека има два нови смртни случаи.

Станува збор за највозрасниот пациент кај нас кој имаше 91 година и беше хоспитализиран 8 дена и пациент од Скопје на 31-годишна возраст чија клиничка слика била многу тешка и вчера бил поставен на респираторна машина.

За период од 2-3 дена, потенцијално 7 пациенти ќе може да бидат пуштени на домашно лекување.

„Ние сме сè уште во еден вид форма на војна со КОВИД-19. Сакам да упатам јасна порака дека влегуваме во вториот месец од борбата со оваа пандемија која целосно го промени животот, донесе страв, донесе несигурност кај сите од нас. Пред нас е најтешкиот период. Период во кој бројот на заболени расте, ќе расте во светот, ќе расте и кај нас. Ни претстои, за жал, период во кој ќе расте и бројот на починати. За ова мораме сите да бидеме свесни.“

„Денеска имаме и еден млад човек којшто почина. Ова е доказ дека вирусот не штеди никој. Никој не е имун, ниту не е заштитен од него. Стануваше збор за најтешката можна форма на клиничка манифестација на оваа болест. Сите оние кои досега можеби не беа убедени во опасноста од вирусот, сега верувам дека им е целосно јасно дека ова е многу сериозна закана, дека навистина мораме ние сериозно да се однесуваме кон неа. Нема да биде лесно, затоа сакам да упатам апел сите да ги почитуваат препораките, да не се шири паника, да се однесуваме максимално претпазливо и одговорно, заради тоа што успехот во оваа борба зависи од секој еден од нас“ – рече министерот.

Анкета

Анкета
Сметате ли дека е добра мерката за задолжително носење на заштитна опрема на лицето (маска, шал)?
  • 64%
  • 36%
Се испраќа...

(Вкупно: 6549 гласа)

Цитат

Можеш да ги исечеш сите цвеќиња, но не можеш да ја спречиш пролетта да дојде.

Пабло Неруда

Виц

Се качувам на вага по завршувањето на карантинот.

Вагата покажува: „Ве молам почитувајте социјално дистанцирање. Качувајте се еден по еден!“