Тоше Проески: 40 години од раѓањето на македонската ѕвезда со неизбришлива трага
Почетна » Новости » Актуелно » Тоше Проески: 40 години од раѓањето на македонската ѕвезда со неизбришлива трага

Тоше Проески: 40 години од раѓањето на македонската ѕвезда со неизбришлива трага

Со непосредноста и харизмата ни ги покоруваше срцата, со хуманоста ни ги грееше душите, со песните молскавично нè шармираше, а со препознатливиот глас секогаш нè поздравуваше со „Ве сакам сите“... Иако физички не е на овој свет, единствениот Тоше Проески засекогаш ќе остане меѓу нас, како наша македонска икона!

Тоше Проески

Пред 40 години се роди машко бебе со име Тодор, кое ние го запознавме и засакавме како ТОШЕ и го нарекуваме наш херој, наш ангел, наш амбасадор во светот.

Стих по стих, песна по песна, насмевка по насмевка, интервју по интервју, извонредниот музичар освојуваше сè повеќе и повеќе обожаватели, најпрво низ Македонија, па низ Балканот, а потоа и низ светот. Веројатно со неспорниот талент ќе одекнеше насекаде доколку не беше прерано прекината неговата животна приказна.

Да имам огромна моќ, макар и накратко, би направил да исчезне омразата и злото и луѓето меѓусебно да делат љубов.

Тоше

На денот кога Тоше ќе го славеше 40-тиот роденден, да го оживееме споменот за него преку милозвучните песни и настапи кои ни ги подари како вечен потсетник за неговата уникатност:

„Игри без граници“

„Полско цвеќе“

„Немир“ со Каролина Гочева

„По тебе“

„Цреша“

„Ако ме погледнеш во очи“

„Сонце во твоите руси коси“

„Волим осмијех твој“ со Антонија Шола

„Лагала нас мала“ со Тони Цетински

„Усни на усни“

„Во коси да ти спијам“

„Кој ли ти гризе образи“

„Излажи ме“

„Тајно моја“

„Aria“ со Џана Нанини

„Боже, чувај ја од зло“

„The Hardest Thing“

„Secret Place“

„We Are Blood“ со внукот Кристијан

Анкета

Анкета
Кога би можеле да изберете со која вакцина за заштита од КОВИД-19 да се вакцинирате, дали тоа би влијаело на вашата одлука за имунизација?
  • 33%
  • 8%
  • 59%
Се испраќа...

(Вкупно: 732 гласа)

Цитат

Животот секогаш ти нуди втора шанса. Таа се нарекува УТРЕ.

Дилан Томас

Виц

Женскиот проблем „немам што да облечам“ е во изумирање во време на пандемија.

Сега се појави „имам што да облечам, но нема каде да го носам“.