Рекордни 205 новозаразени и 336 оздравени од коронавирус кај нас
Почетна » Новости » Актуелно » Рекордни 205 новозаразени и 336 оздравени од коронавирус кај нас

Рекордни 205 новозаразени и 336 оздравени од коронавирус кај нас

Министерството за здравство извести дека во изминатото деноноќие се направени 1.728 тестирања, а се потврдени 205 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје - 60
  • Куманово - 13
  • Дебар - 17
  • Штип - 10
  • Прилеп - 2
  • Тетово - 13
  • Струга - 12
  • Велес - 3
  • Битола - 3
  • Охрид - 1
  • Кавадарци - 1
  • Гостивар - 23
  • Струмица - 1
  • Крушево - 1
  • Пробиштип - 2
  • Демир Хисар - 2
  • Македонски Брод - 1
  • Берово - 1
  • Свети Николе - 29
  • Кичево - 7
  • Ресен - 3
Податоци

Институтот за јавно здравје регистрира 336 оздравени лица од: Скопје (113), Куманово (28), Дебар (8), Штип (15), Прилеп (1), Тетово (40), Струга (52), Велес(1), Охрид (57), Кавадарци (1), Гостивар (8), Крива Паланка (4), Кочани (1), Пробиштип (1), Валандово (2) и Ресен (4).

Починати се 6 лица, четири пациенти од Скопје и два од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст од 62, 68 и 94 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се двајца пациенти на возраст од 65 и 70 години. Во ОБ Гостивар е почината пациентка на возраст 80 години.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 59 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19, 2 деца позитивни и 1 суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 96 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 112 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

  • Чаир – 323
  • Аеродром – 162
  • Бутел – 146
  • Гази Баба – 200
  • Центар – 146
  • Карпош – 147
  • Сарај – 128
  • Кисела Вода – 108
  • Ѓорче Петров – 107
  • Студеничани – 116
  • Шуто Оризари – 86
  • Арачиново – 45
  • Илинден – 31
  • Петровец – 17
  • Чучер Сандево – 16
  • Сопиште – 8
  • Зелениково- 13
  • Странец – 5
  • Нераспределен- 67

Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.777, бројката на оздравени пациенти е 3.960, на починати е 368, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.449.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 19%
Се испраќа...

(Вкупно: 6375 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.