Рекорден број тестирања: 160 новозаразени, 368 оздравени и 3 смртни случаи од коронавирус кај нас
Почетна » Новости » Актуелно » Рекорден број тестирања: 160 новозаразени, 368 оздравени и 3 смртни случаи од коронавирус кај нас

Рекорден број тестирања: 160 новозаразени, 368 оздравени и 3 смртни случаи од коронавирус кај нас

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 2.172 тестирања, а има 160 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје 38
  • Тетово 20
  • Куманово 19
  • Гостивар 13
  • Штип 10
  • Струга 9
  • Кичево 8
  • Свети Николе 5
  • Прилеп 4
  • Охрид 4
  • Кочани 4
  • Кавадарци 4
  • Велес 3
  • Демир Хисар 3
  • Струмица 2
  • Македонски Брод 2
  • Пехчево 2
  • Берово 2
  • Виница 2
  • Делчево 1
  • Неготино 1
  • Пробиштип 1
  • Дебар 1
  • Битола 1
  • Валандово 1
Податоци

Починати се три пациенти, два пациенти од Скопје (60г. и 72г.) и пациентка од Гостивар (53г.).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 368 оздравени пациенти од:

  • Скопје 117
  • Дебар 60
  • Гостивар 42
  • Куманово 34
  • Тетово 32
  • Штип 18
  • Свети Николе 16
  • Струмица 13
  • Крива Паланка 9
  • Прилеп 5
  • Кавадарци 5
  • Неготино 3
  • Пробиштип 3
  • Гевгелија 2
  • Кочани 2
  • Радовиш 1
  • Крушево 1
  • Македонски Брод 1
  • Берово 1
  • Виница 1
  • Кичево 1
  • Ресен 1

Досега во земјата се направени вкупно 123.122 тестирања на КОВИД-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 83 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19 и 6 деца позитивни на вирусот, и 3 пациенти суспектни.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 15 нови, вкупно хоспитализирани се 72 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 26, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 106 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.515, бројката на оздравени пациенти е 9.030, на починати е 535, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.950.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 8655 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.