Повторно покачување: 200 новозаразени, 15 оздравени и 4 починати од коронавирус кај нас
Почетна » Новости » Актуелно » Повторно покачување: 200 новозаразени, 15 оздравени и 4 починати од коронавирус кај нас

Повторно покачување: 200 новозаразени, 15 оздравени и 4 починати од коронавирус кај нас

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 1.828 тестирања, а се потврдени 200 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 65
  • Куманово – 14
  • Дебар – 6
  • Штип – 21
  • Прилеп – 3
  • Тетово – 12
  • Струга – 5
  • Велес – 12
  • Битола – 7
  • Охрид – 4
  • Кавадарци – 7
  • Гостивар – 14
  • Струмица – 1
  • Крива Паланка – 1
  • Радовиш – 4
  • Кочани – 5
  • Пробиштип – 3
  • Демир Хисар – 2
  • Македонски Брод – 4
  • Свети Николе – 3
  • Кичево – 6
  • Неготино – 1
Податоци

Починати се 4 лица, пациент од Скопје (70г.), пациент од Гостивар (58г.), пациент од Куманово (51г.) и пациент од Македонски Брод (66г.). Два пациенти се починати во болнички услови, два се починати вонболнички.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 15 оздравени пациенти од:

  • Велес – 2
  • Битола – 6
  • Демир Хисар – 1
  • Македонски Брод – 1
  • Кичево – 3
  • Ресен – 2

Досега во земјата се направени вкупно 113.619 тестирања на КОВИД-19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 80 пациенти. На кислородна поддршка се 37 пациенти, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 14 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19 и 4 деца позитивни на вирусот, а 3 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 9 нови, вкупно хоспитализирани се 74 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 123 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.754, бројката на оздравени пациенти е 7.622, на починати е 523, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.609.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 8655 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.