Нов раст: 134 новозаразени и 8 починати од коронавирус кај нас
Почетна » Новости » Актуелно » Нов раст: 134 новозаразени и 8 починати од коронавирус кај нас

Нов раст: 134 новозаразени и 8 починати од коронавирус кај нас

Нов троцифрен раст на бројот на заболени со КОВИД-19 во нашата држава. Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 1.173 тестирања, а регистрирани се 134 нови случаи.

Новозаразените со SARS-CoV-2 според местото на живеење се од:

  • Скопје 97
  • Куманово 5
  • Прилеп 1
  • Тетово 11
  • Струга 3
  • Велес 1
  • Битола 1
  • Кавадарци 1
  • Валандово 1
  • Кратово 1
  • Кичево 2
  • Ресен 7
  • Неготино 1
коронавирус

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје, пациент (68г) хоспитализиран на 6 јуни, пациентка (65г) хоспитализирана на 13 јуни и пациентка (76г) хоспитализирана на 7 јуни.

Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, пациент (77г) примен на 6 јуни и пациентка (77г) хоспитализирана во болницата на 10 јуни. На Клиниката за урологија почина пациент од Куманово (68г).

Во КБ Тетово починати се две лица на 13 јуни, пациент (67г) и пациентка при прием (71г). Позитивни резултати на КОВИД-19 на двајцата пациенти се потврдени постмортем.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 34 оздравени пациенти од Скопје (6), Куманово (23), Прилеп (2), Тетово (1) и Велес (2).

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5, вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На кислородна поддршка се 35 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 25 нови, а вкупно хоспитализирани 120 пациенти. На респираторна машина се 12, a со потешка клиничка слика се 23 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 74 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

Активни случаи по општини Скопје, заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

  • Чаир – 302
  • Аеродром – 118
  • Бутел – 110
  • Гази Баба – 104
  • Центар – 105
  • Карпош – 94
  • Сарај – 96
  • Кисела Вода – 64
  • Ѓорче Петров – 53
  • Студеничани – 52
  • Шуто Оризари – 40
  • Арачиново – 33
  • Илинден – 27
  • Петровец – 9
  • Чучер Сандево – 7
  • Сопиште – 8
  • Зелениково-1
  • Странец – 2

Досега во земјата се направени вкупно 45.054 тестирање на КОВИД-19. Од направените тестирања во изминатото деноноќие, 95 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид, не се регистрирани позитивни резултати.

Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.289, бројката на оздравени пациенти е 1.757, на починати е 201, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.331.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 8694 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.