Нови податоци: 89 новозаболени, 17 оздравени и 7 смртни случаи од коронавирус кај нас
Почетна » Новости » Актуелно » Нови податоци: 89 новозаболени, 17 оздравени и 7 смртни случаи од коронавирус кај нас

Нови податоци: 89 новозаболени, 17 оздравени и 7 смртни случаи од коронавирус кај нас

Состојбата со коронавирусот во нашата држава загрижува, бидејќи бројката на новозаболени и починати од КОВИД-19 драстично расте.

Во изминатите 24 часа, потврдени се 89 нови позитивни случаи, со што вкупната бројка на заболени се искачи на 2.315. Новите случаи по градови се од:

  • Скопје (35),
  • Куманово (12),
  • Штип (27),
  • Прилеп (1),
  • Тетово (7),
  • Гостивар (1),
  • Струмица (1),
  • Кочани (4),
  • Свети Николе (1).
тест

За жал, има седум нови смртни случаи. Во ГОБ „8 септември“ починаа 6 лица, двајца од Скопје на возраст од 83 и 80 години, двајца од Куманово на возраст од 73 и 66 години, еден пациент од Струга на 44 години и еден од Тетово на 65 години. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Тетово, 54 години.

Институтот за јавно здравје информираше и дека потврдени се 17 оздравени лица и тоа од Прилеп (12), Велес (3) и Скопје (2).

тест

Во изминатото деноноќие направени се 727 тестови. Од нив, 312 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Прилеп и Скопје, а регистрирани се 3 позитивни случаи во геронтолошка установа во Скопје.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти, хоспитализирани се вкупно 45 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 16 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, а вкупно хоспитализирани 30 пациенти. На респираторна машина се 3, a со потешка клиничка слика се 9 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 5 пациенти, а на домашно лекување се следи 1 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани 15 пациенти, а на домашно лекување се следат 15 пациенти во стабилна состојба. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 27 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 38%
  • 17%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 3433 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.