Нови податоци: 30 новозаболени, 26 оздравени и 3 смртни случаи од коронавирус во Македонија
Почетна » Новости » Актуелно » Нови податоци: 30 новозаболени, 26 оздравени и 3 смртни случаи од коронавирус во Македонија

Нови податоци: 30 новозаболени, 26 оздравени и 3 смртни случаи од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство соопшти дека се зголемува бројот на заболени од коронавирус во нашата држава. Во изминатите 24 часа, регистрирани се 30 нови случаи на КОВИД-19 со што вкупниот број на дијагностицирани изнесува 1.792.

Новозаболените се од Скопје (11), Куманово (2), Штип (1), Прилеп (3), Тетово (6), Велес (5), Битола (1) и Охрид (1).

Во изминатото деноноќие, направени се 426 тестови, а потврдени се и 26 оздравени. По градови оздравените се од Куманово (14), Скопје (1), Прилеп (4), Тетово (3) и Велес (4).

коронавирус

За жал, има и 3 лица кои ја изгубија битката со болеста.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 3 пациенти, пациент од Велес (58г) примен на 12 мај, пациент од Тетово (57г) лекуван на клиниката од 22 април и уште еден пациент од Тетово (78г) хоспитализиран на 11 мај.

Вкупната бројка на оздравени пациенти е 1293, на починати е 101, а во моментов, бројот на активни случаи во земјата изнесува 398.

Утрово беше објавено дека 91% од здравствените работници кои беа заболени од КОВИД-19 се сега целосно оздравени.

коронавирус

Анкета

Анкета
Сметате ли дека е добра мерката за задолжително носење на заштитна опрема на лицето (маска, шал)?
  • 63%
  • 37%
Се испраќа...

(Вкупно: 5981 гласа)

Цитат

Можеш да ги исечеш сите цвеќиња, но не можеш да ја спречиш пролетта да дојде.

Пабло Неруда

Виц

Се качувам на вага по завршувањето на карантинот.

Вагата покажува: „Ве молам почитувајте социјално дистанцирање. Качувајте се еден по еден!“