Нови податоци: 16 новозаразени,14 оздравени и 3 починати од коронавирус кај нас
Почетна » Новости » Актуелно » Нови податоци: 16 новозаразени,14 оздравени и 3 починати од коронавирус кај нас

Нови податоци: 16 новозаразени,14 оздравени и 3 починати од коронавирус кај нас

Во нашата држава, во изминатите 24 часа се регистрирани 16 нови случаи на КОВИД-19. Според извештајот на Министерството за здравство, заболените се од Скопје (9), Штип (5), Струга (1) и Гостивар (1).

Со тоа, вкупниот број на потврдени заразени со коронавирус кај нас достигна 2.014.

Во однос на вкупниот број заболени, воочен е технички превид при евиденција кај еден од тестираните во рамки на скринингот и согласно исправката направена е корекција на вкупната статистика. Вработената во геронтолошкиот завод во Скопје е негативна на вирусот и досега, освен два позитивни резултати во градинка во Битола и Скопје, не се регистрирани други позитивни случаи преку скрининг.

Коронавирус

Изработени биле 314 тестови, а резултатите покажуваат дека имаме и 14 оздравени пациенти.

За жал, имаме и три смртни случаи. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Велес (78г), хоспитализирана на 14 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово (84г), примен во болница на 20 мај и пациентка од Скопје (76г) примена на 19 мај.

Бројката на оздравени пациенти е 1.453, на починати е 116, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 445.

Коронавирус

Досега во земјата се направени вкупно 25.841 тестирања на КОВИД-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 169 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи.

Во текот на денешниот ден се очекува одлука за скратување или укинување на полицискиот час, отворање на кафулињата и рестораните и отворање на границите.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 8811 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.