Нови податоци: 136 новозаразени, 123 оздравени и 6 починати од коронавирус кај нас
Почетна » Новости » Актуелно » Нови податоци: 136 новозаразени, 123 оздравени и 6 починати од коронавирус кај нас

Нови податоци: 136 новозаразени, 123 оздравени и 6 починати од коронавирус кај нас

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направено е 991 тестирање, а се потврдени 136 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје - 46
  • Куманово - 6
  • Дебар - 7
  • Штип - 14
  • Прилеп - 1
  • Тетово - 12
  • Струга - 9
  • Велес - 1
  • Охрид - 2
  • Гостивар - 13
  • Струмица - 2
  • Радовиш - 3
  • Крушево - 2
  • Кочани - 1
  • Пробиштип - 1
  • Демир Хисар - 2
  • Кратово - 1
  • Свети Николе - 5
  • Кичево - 4
  • Ресен - 4
Податоци

Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени лица од: Скопје-77, Штип-7, Тетово-15, Струга-1, Велес-4, Битола-2, Гевгелија-1, Кочани-2, Пехчево-1, Кичево-2, Ресен-11.

Починати се 6 лица, двајца пациенти од Скопје, еден од Куманово, двајца пациенти од Струга и еден од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починати се четворица пациенти на возраст од 46, 53, 63 и 69 години. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 42 години. Во ОБ Куманово починат е пациент на возраст од 80 години.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 55 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 22 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5 деца позитивни и 1 дете суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 95 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 27, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 114 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

  • Чаир – 300
  • Аеродром – 159
  • Бутел – 131
  • Гази Баба – 189
  • Центар – 138
  • Карпош – 140
  • Сарај – 120
  • Кисела Вода – 108
  • Ѓорче Петров – 105
  • Студеничани – 110
  • Шуто Оризари – 79
  • Арачиново – 43
  • Илинден – 23
  • Петровец – 18
  • Чучер Сандево – 11
  • Сопиште – 9
  • Зелениково- 14
  • Странец – 5
  • Нераспределен- 128

Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.111, бројката на оздравени пациенти е 4.203, на починати е 382, а во моментов, бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.526.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 19%
Се испраќа...

(Вкупно: 6376 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.