Нови податоци: 135 новозаразени, 142 оздравени и 4 починати од коронавирус кај нас
Почетна » Новости » Актуелно » Нови податоци: 135 новозаразени, 142 оздравени и 4 починати од коронавирус кај нас

Нови податоци: 135 новозаразени, 142 оздравени и 4 починати од коронавирус кај нас

Министерството за здравство соопшти дека во изминатото деноноќие направени се 1.259 тестирања, а се потврдени 135 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 76
  • Куманово – 6
  • Дебар – 2
  • Штип – 6
  • Прилеп – 1
  • Тетово – 13
  • Струга – 7
  • Битола – 3
  • Охрид – 1
  • Кавадарци – 1
  • Гостивар – 10
  • Гевгелија – 1
  • Македонски Брод – 1
  • Кратово – 1
  • Свети Николе – 2
  • Кичево – 3
  • Ресен – 1
Податоци

Починати се 4 лица, еден пациент од Скопје, од Тетово, од Охрид и еден пациент од Кичево.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка на возраст од 67 години. Еден пациент на 62 години, кој вчера од Кичево бил донесен во тешка општа состојба во болницата во Битола веднаш бил упатен на Инфективната клиника Скопје, но за време на транспортот починал. Во ОБ Охрид е починат пациент на 86 годишна возраст. Во КБ Тетово е починат пациент на возраст од 72 години.

Институтот за јавно здравје регистрира 142 оздравени лица:

  • Скопје – 68
  • Штип – 3
  • Прилеп – 1
  • Тетово – 15
  • Струга – 15
  • Охрид – 15
  • Гостивар – 7
  • Крива Паланка – 1
  • Кочани – 1
  • Пробиштип – 1
  • Кратово – 5
  • Свети Николе – 6
  • Ресен – 4

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 88 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 25 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19, 5 деца позитивни и 1 дете суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4 нови, вкупно хоспитализирани се 83 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се хоспитализирани 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 127 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

Досега во земјата се направени вкупно 79.392 тестирања на КОВИД-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.332, бројката на оздравени пациенти е 4.468, на починати е 389, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.475.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 19%
Се испраќа...

(Вкупно: 6371 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.