Нови податоци: 120 новозаразени, 125 оздравени и 5 починати од коронавирус во Македонија
Почетна » Новости » Актуелно » Нови податоци: 120 новозаразени, 125 оздравени и 5 починати од коронавирус во Македонија

Нови податоци: 120 новозаразени, 125 оздравени и 5 починати од коронавирус во Македонија

Во најновиот извештај на Министерството за здравство стои дека во изминатото деноноќие се направени 1.367 тестирања, а се потврдени 120 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје - 63
  • Куманово - 4
  • Дебар - 6
  • Штип - 4
  • Прилеп - 2
  • Тетово - 14
  • Струга - 6
  • Велес - 2
  • Битола - 1
  • Охрид - 4
  • Гостивар - 12
  • Свети Николе - 1
  • Кичево - 1
Податоци

Починати се 5 лица, двајца пациенти од Скопје, еден од Куманово и двајца пациенти од Тетово.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 65 години. Во ГОБ „8 септември“ почината е пациентка на возраст од 46 години кај која присуството на вирусот е докажано постмортем. Во болницата во Козле е почината пациентка на возраст од 85 години. Во Тетово се починати две лица вон болнички услови на возраст 78 и 76, кај едниот од починатите ковид 19 е дијагностициран постмортем.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 125 оздравени лица од:

  • Скопје 82
  • Штип 1
  • Тетово 30
  • Струга 2
  • Битола 2
  • Гостивар 2
  • Кочани 4
  • Пехчево 1
  • Ресен 1

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 51 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 27 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 3 деца позитивни и 2 суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 13 нови, вкупно хоспитализирани се 115 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 102 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

  • Чаир – 373
  • Аеродром – 154
  • Бутел – 167
  • Гази Баба – 192
  • Центар – 144
  • Карпош – 158
  • Сарај – 140
  • Кисела Вода – 108
  • Ѓорче Петров – 109
  • Студеничани – 107
  • Шуто Оризари – 91
  • Арачиново – 50
  • Илинден – 32
  • Петровец – 17
  • Чучер Сандево – 18
  • Сопиште – 9
  • Зелениково-8
  • Странец – 2
  • Нераспределен- 62

Досега во земјата се направени вкупно 69.426 тестирања на КОВИД-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.244, бројката на оздравени пациенти е 3.324, на починати е 351, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.569.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 19%
Се испраќа...

(Вкупно: 6370 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.