Нови податоци: Само 37 новозаразени, а 251 оздравен и 6 смртни случаи од коронавирус
Почетна » Новости » Актуелно » Нови податоци: Само 37 новозаразени, а 251 оздравен и 6 смртни случаи од коронавирус

Нови податоци: Само 37 новозаразени, а 251 оздравен и 6 смртни случаи од коронавирус

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 484 тестирања, а има 37 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје 9
  • Дебар 1
  • Прилеп 5
  • Тетово 3
  • Гостивар 1
  • Гевгелија 12 (странски државјани)
  • Струмица 1
  • Радовиш 1
  • Кочани 1
  • Пробиштип 1
  • Делчево 1
  • Кратово 1
Коронавирус податоци

Институтот за јавно здравје регистрира 251 оздравен пациент од:

  • Скопје 171
  • Куманово 15
  • Штип 10
  • Прилеп 15
  • Тетово 2
  • Велес 6
  • Битола 2
  • Кавадарци 4
  • Гостивар 2
  • Гевгелија 2
  • Пробиштип 3
  • Пехчево 3
  • Берово 5
  • Виница 1
  • Свети Николе 8
  • Кичево 1
  • Неготино 1

Починати се 6 пациенти, од Скопје (73г), Струга (79г), Гостивар (55г), Крива Паланка (63г), Делчево (86г) и од Кичево (74г). Сите се починати во болнички услови.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 56, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле нема возрасни пациенти. Хоспитализирани се 2 деца и 1 мајка позитивни на КОВИД-19, 6 деца и 6 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 27 пациент. На респираторна машина се 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 126, позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.127, бројката на оздравени пациенти е 12.486, на починати е 623, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.018.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9592 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.