Нова состојба: 35 новозаразени, 19 оздравени и 5 починати од коронавирус кај нас
Почетна » Новости » Актуелно » Нова состојба: 35 новозаразени, 19 оздравени и 5 починати од коронавирус кај нас

Нова состојба: 35 новозаразени, 19 оздравени и 5 починати од коронавирус кај нас

Најновите податоци од Институтот за јавно здравје покажуваат дека во нашата држава има 35 новозаболени од КОВИД-19.

По градови, новозаразените од коронавирус се од:

  • Скопје - 22
  • Тетово - 6
  • Куманово - 4
  • Штип - 1
  • Гостивар - 1
  • Струга - 1
Коронавирус

Во изминатото деноноќие, направени се вкупно 1.120 тестови со кои се потврдени и 19 оздравени лица и тоа од Скопје (8), Куманово (3), Прилеп (2), Битола (2), Неготино (2), Велес (1), Тетово (1).

Тажна вест е што починаа уште 5 лица како последица на КОВИД-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (69г) хоспитализиран на 15 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (70г) примен во болницата на 17 мај и двајца од Скопје, пациент на возраст од 70 години, примен на 28 мај и 47-годишен пациент на болничко лекување од 21 мај. Во денешниот извештај на ИЈЗ е евидентирано и бебето од Скопје кое, на барање на родителите, со авион беше транспортирано во Швајцарија каде починало. Бебето беше хоспитализирано на Детската клиника и имаше позитивен резултат на КОВИД-19.

Коронавирус

Вкупниот број на позитивни на КОВИД-19 во нашата држава достигна 2.164, оздравени се 1.535, активни случаи се 498, а бројот на починати е 131.

Претседателот Стево Пендаровски попладнево објави дека вонредната состојба ќе се продолжи во следните 14 дена.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 38%
  • 17%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 3432 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.