Новата тажна реалност: Деца мораат да си играат на дистанца во зони исцртани со креда во градинка во Франција
Почетна » Новости » Актуелно » Новата тажна реалност: Деца мораат да си играат на дистанца во зони исцртани со креда во градинка во Франција

Новата тажна реалност: Деца мораат да си играат на дистанца во зони исцртани со креда во градинка во Франција

Фотографија од градинка во Франција привлече огромно внимание, бидејќи ја прикажува тажната реалност на денешницата.

Прикажани се мали дечиња кои се принудени да си играат сами на оддалеченост во зони исцртани со креда, за да го спречат евентуалното ширење на коронавирусот.

градинка во Франција училиште во Франција

Децата во Франција се вратија во училишните клупи два месеци по затворањето. Погледнете и видео како децата мора да се придржуваат до одредени мерки за претпазливост кога влегуваат во училниците.

Фотографиите и видеата разгорија дебати на интернет за одлуката да се отворат повторно градинките и училиштата во Франција.

Дел од интернет корисниците го критикуваа овој начин на принудно дистанцирање. „Никогаш не сум видел потажна фотографија. Ужасно е да се подложуваат децата на ова“, „Нечовечки е, како за децата, така и за учителите“, „Фотографијата ми го крши срцето. Не можеме да го нарекуваме ова школо“ – се дел од коментарите.

Но, новинарот кој ја направи фотографијата изјавил дека децата тоа не го сметаат за казна. „Децата играат, танцуваат, скокаат и се смеат заедно, но од своите квадрати. Од тоа што го видовме, тие не го сметаат тоа за казна“ – изјавил тој.

училиште во Франција

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9566 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.