Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена позитивни на коронавирус
Почетна » Новости » Актуелно » Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена позитивни на коронавирус

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена позитивни на коронавирус

Новак Ѓоковиќ деновиве е мета на критики за организирањето на тенискиот турнир „Адрија Тур“ во време на пандемија.

Откако неколку спортисти кои учествуваа беа заразени со коронавирусот SARS-CoV-2, денес беше објавено дека и Новак и неговата сопруга Јелена се позитивни.

Ѓоковиќ Ѓоковиќ

Семејството Ѓоковиќ се тестираше во Белград, а резултатите покажале дека нивните деца не се заразени.

Новак го организираше хуманитарниот спортски настан „Адрија Тур“ кој започна во Белград, а продолжи во Задар, но беше прекинат откако се дозна дека некои од учесниците се заболени од КОВИД-19.

Ѓоковиќ

Позитивни се и тестовите на Борна Чориќ, Григор Димитров и Виктор Троицки.

Никој од присутните не се придржуваше до основните мерки за заштита, па организаторите, а особено Ноле, добија многу негативни коментари од целиот свет.

На турнирот во Белград, Ноле и Јелена беа фотографирани со малите деца и неговите родители.

Ѓоковиќ

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 8695 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.