Најнови податоци: 37 нови заболени и 11 оздравени од коронавирус во земјава
Почетна » Новости » Актуелно » Најнови податоци: 37 нови заболени и 11 оздравени од коронавирус во земјава

Најнови податоци: 37 нови заболени и 11 оздравени од коронавирус во земјава

Министерството за здравство ја соопшти најновата состојба со коронавирусот во земјата.

Во последните 24 часа направени се 508 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на коронавирус.

По градови, новите заболени се од: Скопје (12), Куманово (8), Штип (2), Прилеп (2), Тетово (7), Струга (4) и Охрид (2).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти.

Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на КОВИД-19.

коронавирус

Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.978, бројката на оздравени пациенти е 1.422, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 443.

Досега во земјата се направени вкупно 25.270 тестирања на КОВИД-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 188 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи. Денеска со скринингот е потврден еден позитивен случај кај вработен во геронтолошка установа во Скопје. Досега со скринингот направени се 2.248 тестирања на КОВИД-19, а регистрирани се три позитивни случаи на КОВИД-19.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 8961 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.