Најнови податоци: 168 новозаразени, 70 оздравени и 3 починати од коронавирус во Македонија
Почетна » Новости » Актуелно » Најнови податоци: 168 новозаразени, 70 оздравени и 3 починати од коронавирус во Македонија

Најнови податоци: 168 новозаразени, 70 оздравени и 3 починати од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство соопшти дека во изминатото деноноќие се направени 1.470 тестирања, а се потврдени 168 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје - 83
  • Куманово - 8
  • Дебар - 2
  • Штип - 6
  • Прилеп - 3
  • Тетово - 26
  • Струга - 5
  • Битола - 2
  • Охрид - 8
  • Гостивар - 8
  • Крива Паланка - 1
  • Крушево - 1
  • Кочани - 1
  • Пробиштип - 2
  • Македонски Брод - 1
  • Свети Николе - 4
  • Кичево - 6
  • Ресен - 1
Податоци

Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени лица од: Скопје (48), Тетово (18), Велес (1), Гостивар (1), Кочани (1) и Ресен (1).

Починати се 3 лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 66 и 70 години. Во ГОБ „8 септември“ почината е пациентка на 63 години по приемот, кај која вирусот е потврден постмортем.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 62 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19, 2 деца позитивни и 3 суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, вкупно хоспитализирани се 94 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип се хоспитализирани 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 110 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

  • Чаир – 360
  • Аеродром – 166
  • Бутел – 156
  • Гази Баба – 210
  • Центар – 156
  • Карпош – 153
  • Сарај – 140
  • Кисела Вода – 114
  • Ѓорче Петров – 111
  • Студеничани – 121
  • Шуто Оризари – 89
  • Арачиново – 46
  • Илинден – 34
  • Петровец – 18
  • Чучер Сандево – 18
  • Сопиште – 7
  • Зелениково- 13
  • Странец – 5
  • Нераспределен- 11

Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.572, бројката на оздравени пациенти е 3.624, на починати е 362, а во моментов, бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.586.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 19%
Се испраќа...

(Вкупно: 6473 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.