Најнови податоци: 126 новозаразени, 48 оздравени и 4 починати од коронавирус во Македонија
Почетна » Новости » Актуелно » Најнови податоци: 126 новозаразени, 48 оздравени и 4 починати од коронавирус во Македонија

Најнови податоци: 126 новозаразени, 48 оздравени и 4 починати од коронавирус во Македонија

Во најновиот извештај на Министерството за здравство, стои дека во изминатите 24 часа направени се 1.140 тестирања, а регистрирани се 126 новозаболени со КОВИД-19.

Според местото на живеење, новозаразените со коронавирусот се од:

  • Скопје - 66
  • Куманово - 6
  • Штип - 15
  • Прилеп - 3
  • Тетово - 19
  • Струга - 2
  • Велес - 2
  • Битола - 1
  • Кавадарци - 4
  • Гостивар - 2
  • Пробиштип - 2
  • Свети Николе - 1
  • Ресен - 3
Податоци

Починати се 4 лица, по еден пациент од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти.

  • Скопје - 43
  • Штип - 1
  • Битола - 1
  • Ресен - 3

Досега во земјата се направени вкупно 60.773 тестирања на КОВИД-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.334, бројката на оздравени пациенти е 2.475, на починати е 302, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.557.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19, три деца позитивни и четири со симптоми на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 18 нови, вкупно хоспитализирани се 140 пациенти. На респираторна машина се 11 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се хоспитализирани 33 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 74 пациенти - позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 38%
  • 17%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 3435 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.