Насмевнете се, претстои цела недела за уживање во Скопје Сити Мол!
Почетна » Новости » Актуелно » Насмевнете се, претстои цела недела за уживање во Скопје Сити Мол!

Насмевнете се, претстои цела недела за уживање во Скопје Сити Мол!

„Изгледаш прекрасно денес!“, „Насмевни се, денов ќе биде супер“, „Ти можеш сѐ што ќе посакаш“ се само дел од пораките кои деновиве се појавија на билборди низ Скопје. Пораките поставени со цел да ги насмевнат и орасположат пред сѐ минувачките, се најава за големата недела на жените која од 1 до 8 март ќе се одржува во Скопје Сити Мол.

Скопје Сити Мол

„Оваа година за празникот на жената комуникацијата ја насочуваме кон охрабрување на жените, кон покажување на нашата благодарност за тоа што се, за нивната голема вредност за нас како бренд“ изјавија од Скопје Сити Мол.

Токму затоа во периодот од 1 до 8 март подготвивме вистинско празнично шопинг уживање!

Во периодот пред и за 8 ми март како и секоја година продавниците подготвија бројни специјални понуди, од Скопје Сити Мол подароци и изненадувања за дамите кои ќе го посетат молот како и супер забавно фоткање со Инстаграм рамки, но тоа не е сѐ, има и саем на книга за сите љубителки на пишаниот збор.

Скопје Сити Мол

Силните жени секогаш се тука да им помогнат на оние на кои им е потребна поддршка, па затоа во склоп на неделата на жените склучивме соработка со Интервентен женски фонд преку кои сите посетителки на неделата на жената ќе можат да направат своја донација и да им помогнат на жените жртви на насилство.

Скопје Сити Мол

Одберете го вашиот начин како најдобро да ги прославите жените оваа недела. Доколку вашата замисла вклучува шопинг, ве очекуваме на вистинско празнично уживање во Скопје Сити Мол!

Скопје Сити Мол

При посета на омилениот Скопје Сити Мол, потребно е да носите заштитна маска, да одржувате безбедно растојание и да ги почитувате правилата и знаците поставени кај нас. Заштити се себе и тие околу тебе.

Скопје Сити Мол – Сѐ што сакам!

Скопје Сити Мол

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Кога би можеле да изберете со која вакцина за заштита од КОВИД-19 да се вакцинирате, дали тоа би влијаело на вашата одлука за имунизација?
  • 36%
  • 11%
  • 53%
Се испраќа...

(Вкупно: 6788 гласа)

Цитат

Животот секогаш ти нуди втора шанса. Таа се нарекува УТРЕ.

Дилан Томас

Виц

Женскиот проблем „немам што да облечам“ е во изумирање во време на пандемија.

Сега се појави „имам што да облечам, но нема каде да го носам“.