Почетна » Новости » Актуелно » Моите две години во „Нова“ беа корисни да обезбедам стипендија на универзитетот „Фордхам“ во Њујорк

Моите две години во „Нова“ беа корисни да обезбедам стипендија на универзитетот „Фордхам“ во Њујорк

Изабела Навија пристигнала во Скопје и меѓународното училиште „Нова“ пред две години, преку програмата за размена на ученици YES Abroad, која ја реализира Стејт департментот. Младата средношколка за време на престојот во нашата земја се здоби со многу корисни искуства и нови пријатели. По матурирањето во „Нова“, Изабела ќе го продолжи своето образование на универзитетот „Фордхам“, приватна истражувачка институција во Њујорк.

Моето прилагодување во „Нова“ беше лесно, благодарение на огромната поддршка од персоналот и администрацијата. Добивав корисни совети кога станува збор за изборот на моите часови, се запознав со соученици кои ми станаа блиски пријатели и бев охрабрена од моите наставници активно да се вклучам на часовите и да заземам активна улога во мојот образовен процес иако бев нова и се чувствував срамежливо“ - вели Изабела.

Изабела Навија

Кои се твоите впечатоци од образовниот систем во „Нова“?

Навистина сметам дека образовниот систем во „Нова“ имаше клучна улога во моето обликување во истражувач и комлетен ученик. Многу ми се допадна тоа што часовите беа со помалку ученици, што резултираше во создавање на близок однос меѓу учениците и професорите.На голем дел од часовите се одвиваше отворен дијалог помеѓу ученикот и наставникот, наместо да станува збор за класично предавања, пристап до учењето што ми помогна да го развијам моето критичко размислување како и комуникациските вештини.

Богатото резиме е од огромно значење.
Изабела

Јас ја следев AP програмата (Advanced Placement), што значи дека часовите ми овозможија да добијам кредити за на универзитет, како и да учам на ниво што беше предизвик за мене. Нашите распореди, исто така, вклучуваа ликовна уметност и активности во заедницата, два фактори кои помогнаа во обликувањето на моите активистички вредности и исто така ме поттикнаа да ги истражувам моите интереси надвор од училницата.

Изабела Навија

Ќе го продолжиш своето образование на универзитетот „Фордхам“ во Њујорк со целосна стипендија. Можеш ли да ни кажеш како ја доби целосната стипендија, каков беше тој процес?

Стипендијата што ја добив од универзитетот „Фордхам“, се вика Cunniffee Presidential Scholarship. Таа ја покрива целосната школарина, сместување и храна за четири години, како и дополнителна сума од 20.000 долари што ќе ги користам во текот на студирањето за дополнителни активности. Универзитетот немаше посебна апликација за стипендија, што значи дека сите апликанти автоматски беа разгледувани при аплицирањето. Се фокусирав на зајакнување на мојата биографија со вон-наставни активности кои покажуваат долгорочна посветеност, како и лидерство и иницијатива. Бев член на средношколскиот бенд и во САД и во Македонија и доброволно предавав англиски на овдешни ученици. За мојот главен есеј што беше доставен со мојата апликација во „Фордхам“, зборував за тоа како е да се живее во странство како личност од друга етничка заедница и како се менува идентитетот на некој кога се преселува во странство, тема за која сум многу страсна. Се фокусирав на аспектите на мојата средношколска кариера што ме направија уникатна. Исто така, бев сигурна во моите академски предизвици, кои беа насочени кон тоа да го покажам мојот интерес за главниот предмет за кој аплицирав.

Изабела Навија

Зошто реши да се пријавиш на универзитетот „Фордхам“?

Локацијата, професорите и универзитетскиот живот влијаеја врз мојата одлука да аплицирам на универзитет „Фордхам“. После живеењето во модерен европски главен град во последниве две години, го засакав градскиот живот и барав да живеам во град, при што Њујорк беше совршена локација за тоа. Не ме интересираше традиционалното искуство на студирање на американски колеџ. Наместо тоа, сакав да живеам во културно разновиден град кој е познат по своите иновативни и креативни умови.

Локацијата и животот беа моите главни приоритети.
Изабела

Квалитетот на академските програми на „Фордхам“, исто така, влијаеше врз мене да аплицирам. Имав неколку избори за специјализација и ќе добијам образование во доменот на Liberal Arts, формат кој му овозможува на студентот да добие поквалитетно образование. Исто така, овој универзитет ги охрабрува своите студенти да одат на пракса, како и да студираат во странство, две работи во кои се надевам дека ќе учествувам.

Кој ќе биде фокусот на твоите студии во „Фордхам“?

Во моментов, планирам двојна специјализација во сферата на биолошките науки и хуманистичките студии, како и биоетика. Се надевам дека по дипломирањето ќе запишам студии по медицина или ќе продолжам на постдипломски студии по јавно здравје. Биолошките науки се клучни за здобивање основа во науката што е потребна за студирање медицина. Отсекогаш сум била фасцинирана со човечкото тело и здравје. Избрав специјализација и во областа на хуманистичките науки, програма која се фокусира на ублажување на најгорливите глобални проблеми. Оваа програма ќе ми овозможи стажирање во некои од водечките невладини организации во Њујорк кои се фокусираат на теми како што се глобалното здравје и сиромаштијата. На крајот, се надевам дека ќе работам на поддршка на заедниците во развој во САД и во странство, со цел да ја подобрам состојбата со здравствената заштита на жените. Се надевам дека ќе им помогнам на жените да постигнат поголема автономија над нивното репродуктивно и општо здравје и да придонесам во развојот на здравствените системи на младите држави.

Изабела Навија

Часови, волонтирање и нови можности

Њујорк е голема држава, какви се твоите очекувања од образованието?

Се надевам дека ќе пораснам како студент и како личност во текот на следните четири години. Со нетрпение чекам да станам дел од академски мотивирачка средина која ќе ме предизвикува интелектуално. Возбудена сум за различните можности за волонтирање и за практикантска работа со организации кои ќе ми овозможат да ги истражам нештата за кои сум заинтересирана. Студирањето во странство ќе биде многу важен дел од моето универзитетско искуство. Се надевам дека ќе студирам барем една година во странство во Европа, а пак летата да ги поминувам во патување и учење за различни култури.

Изминативе неколку месеци главен фокус е светската пандемија. Како влијаеше ова врз твоите студии?

Пандемијата го смени начинот на кој го гледам светот, не само мојот став кон моите студии. Научив подобро да се прилагодувам на нови ситуации, како и прифатив дека иднината на учењето и технологијата се повеќе испреплетени од кога било. И не само тоа - мојата желба да ја студирам програмата која е мојот избор никогаш не била посилна. Постои огромна разлика во глобалната здравствена заштита и на земјите во развој им е потребна поддршка сега повеќе од кога и да е. Многу земји во развој не беа подготвени за криза со ваква големина и сега се борат да им обезбедат на своите заедници сеопфатна здравствена заштита.Секој го заслужува правото на финансиски прифатлива и квалитетна здравствена заштита, но глобалната пандемија ја акцентираше суровата реалност дека ние сме далеку од обезбедување на глобална здравствена заштита. Се чувствувам повеќе мотивирано од кога било да создадам глобална промена и со работењето во мојата професија да придонесам кон тоа заедниците во развој никогаш повеќе да не искусат таков недостаток на подготвеност.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9476 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.