Каратистите на „Макпетрол“ освоија седум медали на престижниот „Кроација опен“
Почетна » Новости » Актуелно » Каратистите на „Макпетрол“ освоија седум медали на престижниот „Кроација опен“

Каратистите на „Макпетрол“ освоија седум медали на престижниот „Кроација опен“

Членовите на карате клубот „Макпетрол“ од Скопје викендов учествуваа на престижниот меѓународен турнир „Кроација опен“ во Риека, каде што се закитија со седум медали. Хрватската карате-манифестација на едно место собра над 1700 спортисти од 233 клубови и 21 национална репрезентација.

- На овој навистина силен турнир од интернационален карактер зедовме учество со комбиниран тим. Најзначајно за сениорите беше да направат последен тест на сопствената форма пред да настапат на светското првенство, кое што би требало да се одржи во првата недела од ноември во Дубаи. За јуниорите, пак, ова беше проверка пред европскиот шампионат што е закажан за февруари следната година - изјавија од скопскиот карате клуб.

Членовите на карате клубот „Макпетрол“

„Макпетрол“ во Риека отпатува со осум свои претставници, кои што, исто така, се репрезентативци на Македонија. Тие се натпреваруваа во возрасните категории сениори, јуниори и постари јуниори. Заминаа со седум признанија, од кои пет сребрени и две бронзени.

На „Кроација опен“ во сениорска конкуренција боите на клубот ги бранеа Петар Спасеновски, којшто освои сребрен, и тренерот Петар Заборски, којшто се закити со бронзен медал. Во женската сениорска категорија (под 68 килограми) со сребрен медал се здоби Ангела Мојсовска, а дел од натпреварувањето беше и Викторија Јовановска. Дел од јуниорскиот турнир беше и Стефан Стојановиќ (под 76 килограми), којшто се закити со два сребрени медали: еден во јуниорска и еден во категоријата под 21 година. На меѓународниот собир во Хрватска зедоа учество и сениорот Роберто Ацковски, во категоријата под 67, и јуниорот Витомир Трајковски, под 76 килограми.

Членовите на карате клубот „Макпетрол“

Освен што освоија медали, каратистите на „Макпетрол“ беа дел и од пет финалиња на овој меѓународен собир. Во категоријата до 84 килограми, финалниот меч на Глигор Петков заврши без поени, поради што имаше судиско изјаснување, кое не беше во полза на македонскиот каратист. Ист епилог имаше и во неговиот меч за трето место.

Викторија Јовановска, пак, оствари три последователни победи, но во обидот за влез во финалето се сретна со најдобрата хрватска каратистка и европски првак, Ана Ленард, а претрпе пораз и во репасажот за бронзениот медал.

Анкета

Анкета
Дали се согласувате со одлуката наставата да започне со физичко присуство?
  • 75%
  • 25%
Се испраќа...

(Вкупно: 4030 гласа)

Цитат

Благодарното срце е магнет за чуда.

Виц

Пријателки разговараат за фигурата...

Првата: По 3 месеци тренирање, конечно имам стомачни мускули.

Втората: И јас имам, само што ми се скриени од љубовта кон пицата, виното и чоколадото.