Загрижувачки податоци: 101 новозаразен, 10 оздравени и 4 смртни случаи од коронавирус
Почетна » Новости » Актуелно » Загрижувачки податоци: 101 новозаразен, 10 оздравени и 4 смртни случаи од коронавирус

Загрижувачки податоци: 101 новозаразен, 10 оздравени и 4 смртни случаи од коронавирус

Министерството за здравство објави алармантни податоци за ситуацијата со коронавирусот кај нас. Во изминатите 24 часа, се направени 974 тестирања, а регистриран е 101 нов случај на КОВИД-19. Новозаразените од коронавирусот според местото на живеење се од:

  • Скопје – 59
  • Куманово – 12
  • Штип – 7
  • Прилеп – 1
  • Тетово – 5
  • Струга – 6
  • Велес – 1
  • Охрид – 1
  • Кавадарци – 1
  • Гостивар – 3
  • Кочани – 3
  • Пробиштип – 2
коронавирус

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 84-годишен пациент од Прилеп, хоспитализиран на 17 мај. Во ГОБ „8 септември“ починаа пациент од Тетово (75г) примен на 24 мај, пациент од Куманово (71г) примен на 26 мај и пациент од Скопје (58г) примен на 30 мај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 10 оздравени пациенти и тоа од Тетово (8) и Велес (2).

Досега во земјата се направени вкупно 3.161 тестирања на КОВИД-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 132 теста се во рамките на скринингот во градинки преку Центрите за јавно здравје Штип, Прилеп, Битола и Скопје. Потврдени се 2 позитивни случаи во градинки во Штип.

коронавирус

Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.492, бројката на оздравени пациенти е 1.605, на починати е 145, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 8694 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.