Почетна » Новости » Актуелно » Едукативен настан по повод светскиот ден на оралното здравје

Едукативен настан по повод светскиот ден на оралното здравје

Со цел да се зголеми свесноста за важноста на оралното здравје и да се превенира од најрана возраст, во сабота (18.03) од 12 часот во х. DoubleTree by Hilton Skopje ќе се одржи едукативен настан на кој еминентни здравствени експерти ќе одржат две панел сесии.

Едукативен настан

Здравите заби се поврзани со општото човеково здравје. Зарем треба причина повеќе зошто треба да го следиме преносот во живо на овој настан.

Под мотото „ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ во превенција и третман” настанот се одржува по повод Светскиот Ден на Оралното Здравје, во организација на Анни Медиа, а поддржан од Стоматолошката Комора, Центарот за семејна Медицина при Медицински Факултет Скопје и Ionickiss Македонија.

На него веќе докажани и познати фармацевти, стоматолози, матични лекари, педијатри и ОРЛ специјалисти од земјава ќе имаат свои излагања.Предавањата не се само за стручните медицински лица, туку и за целокупната јавност, за сите оние индивидуи кои се грижат за своето здравје, и кои сакаат да бидат во тек со најновите информации од областа на оралното здравје.

Сите заинтересирани ќе можат да го следат во живо на Youtube каналот на Анни Медиа. Линк

Anni Media - YouTube

Половина од луѓето во светот страдаат од орални заболувања, како што се расипување на забите и заболување на непцата. Дополнително уште позагрижувачки е податокот дека се поголем е бројот и на деца кои имаат расипани заби, и кои недоволно се грижа за оралното здравје. Оралните болести влијаат врз животот во секој поглед, на самодовербата во училиште, на работа, па дури и при вкусот на храната. „Здравјето влегува преку уста“ често се слуша, но за жал не се обраќа доволно внимание на оралното здравје.

Настанот има за цел да ја афирмира оралната хигиена, да охрабри посета на стоматолог и да мотивира да се грижиме за своите заби за време на нивниот живот.

Едукативен настан Едукативен настан

Во две едукативни сесии ќе се информираме дека стоматолозите не само што откриваат заболувања на непцата и кариес, туку тие исто така можат да откријат ОРЛ нарушувања, Кронова болест, орален канцер и други сериозни болести.

Ќе се информираме дека крвавење, изгубени заби, сува уста, суви непца се симптоми на пациентите со диабет, а опструкција на горните дишни патишта и други ОРЛ проблеми се тесно поврзани и со стоматолошки ортодонски интервенции.

Дека стоматитис е исто така честа состојба за која пациентите бараат помош од фармацевтите и матичните лекари, и зошто е важна точната дијагноза и навременото препознавање на симптомите.

Едукативен настан

Настанот е мултидисцлиплинарен, во две сесии, интеракции и дискусии, и со можност за следење во живо.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 7979 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.