Д-р Ставриќ советува: Како да се подготви детето пред есенскиот период на вирози и настинки
Почетна » Новости » Актуелно » Д-р Ставриќ советува: Како да се подготви детето пред есенскиот период на вирози и настинки

Д-р Ставриќ советува: Како да се подготви детето пред есенскиот период на вирози и настинки

Со доаѓање на есента зачестуваат и респираторните инфекции кај децата. Во првите години од животот нормално е детето да има по 8 инфекции годишно, а доколку посетува градинка и до 12 инфекции месечно.

„Тоа се должи на незрелиот имунолошки систем кој обично својата зрелост ја постигнува околу 3тата година, но секако тоа е индивидуален процес и кај некои деца може да се продолжи и до 5тата година. Исто така, секое тргнување во градинка подразбира и период на адаптација на организмот и зачестени инфекции до 3 месеци. Во главно се работи за инфекции на горните дишни патишта како настинка, воспаление на грлото или ушите. Тие најчесто се предизвикани од вируси, не се тешки инфекции, траат од 7-10 дена и спонтано поминуваат. Превентивно давање антибиотици нема да помогне во брзо оздравување затоа што антибиотиците не делуваат на вируси, а може само да се влоши отпорноста на детето и да го направи почувствително кон бактериски инфекции“, вели д-р Катарина Ставриќ, педијатар имунолог.

д-р Катарина Ставриќ

Имунитетот и отпорноста на детскиот организам на есенските настинки и вируси се гради преку квалитетна, разновидна исхрана, составена од витамини, минерали, протеини, јагленохидрати. Избалансираната исхрана на децата треба да изгледа според правилото 5-5-3-2, односно дневното мени да содржи 5 вида скробна храна, 5 вида зеленчук и овошје, 3 вида млечни производи, млеко, јогурт и сирење и 2 вида протеинска храна. Сепак понекогаш е потребно и дополнителен внес на витамини и минерали, посебно оние што го помагаат и го поттикнуваат сврзувањето на хранливите состојки со процесите во организмот, какво што е учеството на витаминот Д3 при апсорпцијата на калциумот од млекото. Во таа насока посебно се корисни млеката и јогуртите чиј состав е збогатен со најнеопходните витамини и минерали, како што се Битолскиот јогурт и Битолското млеко со 10 витамини.

„Секојдневниот внес на разновидна исхрана, богата со зеленчук и овошје преку која се внесуваат потребните витамини; житарки, млечни производи и месо преку кои се внесуваат квалитетни протеини, масти и шеќери треба да се понудуваат на детето постојано. Збогатените млеко и јогурт со 10 витамини ќе овозможат и доволен внес на потребните витамините доколку не се внесат преку исхраната.Дополнително, честите есенски инфекции за време на кои детето слабо внесува храна, може да го истошти детскиот организам. Во услови на инфекција кога детето не јаде редовно, важно е да се запази доволен внес на течности и во такви услови внесот на млекото и јогуртот може да биде извор и на внес на течности но и внес на хранливи материи за да не гладува“, додава д-р Ставриќ.

д-р Катарина Ставриќ

„Во деновите кога детето е болно или подложно на вирусна инфекција, млекото и јогуртот може да се консумираат како извор на хранливи материи, течности и доколку детето сака да ги консумира може да внесува и поголеми количини од препорачаните. По завршување на инфекцијата многу брзо треба да се воведе повторно разновидната исхрана и да се одржува континуирано, што е и најважната компонента за да се создаде силен имунитет и воопшто да не дојде до вирози и настинки“, дополнува д-р Ставриќ.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9566 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.