Данска ќе гради вештачки остров со ветерници кој ќе обезбедува обновлива енергија за 3 милиони домаќинства
Почетна » Новости » Актуелно » Данска ќе гради вештачки остров со ветерници кој ќе обезбедува обновлива енергија за 3 милиони домаќинства

Данска ќе гради вештачки остров со ветерници кој ќе обезбедува обновлива енергија за 3 милиони домаќинства

Данска е една од земјите кои најмногу се залагаат во борбата против климатските промени. Сега, оваа скандинавска земја најави дека ќе гради вештачки остров поврзан со ветерници, кој ќе обезбедува обновлива енергија за 3 милиони домаќинства.

Овој остров е планирано да опфаќа површина од 120.000 m2, или околу 18 фудбалски игралишта, а ќе се наоѓа во Северно Море на 80 километри од копното.

Прв вештачки остров за обновлива енергија

Целата инвестиција ќе чини околу 28 милијарди евра и се очекува островот да биде финиширан до 2033 година. Во следните фази, овој проект планирано е да обезбедува енергија и за 10 милиони домаќинства, најверојатно и за делови од соседните земји.

Данска цели да ја намали емисијата на јаглероден диоксид за 70% до 2030 година, во споредба со нивото од 1990 година.

„За да победиме во битката против климатските промени мора да бидеме амбициозни, храбри и неконвенционални во начинот на размислување’ – изјавил министерот за надворешни работи на Данска.

Прв вештачки остров за обновлива енергија Прв вештачки остров за обновлива енергија Прв вештачки остров за обновлива енергија

Анкета

Анкета
Кога би можеле да изберете со која вакцина за заштита од КОВИД-19 да се вакцинирате, дали тоа би влијаело на вашата одлука за имунизација?
  • 33%
  • 8%
  • 59%
Се испраќа...

(Вкупно: 732 гласа)

Цитат

Животот секогаш ти нуди втора шанса. Таа се нарекува УТРЕ.

Дилан Томас

Виц

Женскиот проблем „немам што да облечам“ е во изумирање во време на пандемија.

Сега се појави „имам што да облечам, но нема каде да го носам“.