• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

ВИДЕО: Македонското знаме се вее на отворањето на Летните олимписки игри во Токио

23 јули 2021, 14:16
  • cподели

Невозможно е да не почувствувате гордост додека гледате како нашите спортисти го веат македонското знаме на отворањето на Летните олимписки игри.

На церемонијата во Токио, честа да бидат знаменосци им припадна на Арбреша Реџепи и Дејан Георгиевски.

Видео

Македонски олимпијци Македонски олимпијци Македонски олимпијци

Во Токио ќе нè претставуваат двајца пливачи, Миа Блажевска-Еминова и Филип Дерковски и по еден таеквондист (Дејан Георгиевски), атлетичар (Јован Стојоски), џудист (Реџепи), каратист (Пулексенија Јованоска), стрелач (Борјан Бранковски) и борач (Магомедгаджи Нуров).

Македонски олимпијци Македонски олимпијци

„Јас се натпреварувам во конкуренција до 52 килограми во џудо, конкуренцијата е силна, се надевам на добар резултат и добри борби. Целта е јасна, да остварам победи на овие ОИ“, порача Реџепи на прес-конференцијата пред заминувањето за Јапонија.

Георгиевски изјави: „Сакам да се заблагодарам до сите за огромната поддршка, се надевам дека и понатаму ќе биде уште поголема. Како што најавив и претходно, сакам да се квалификувам и го остварив тоа. Но целта ми е да се вратам со медал, одам на златен медал, а не само да учествувам. Конкуренцијата секако е тешка, со многумина сум се борел, ме победувале, сум ги победувал. Сигурен сум дека можам да победам било, па со Господ напред сакам да донесам медал за Македонија“.

Tags
Летни олимписки игри 2021
Арбреша Реџепи
Дејан Георгиевски

Најнови

  • Празничен маникир

    55 идеи за маникир со празнична магија кои вреди да ги зачувате

    Mon, 12/22/2025 - 23:42
  • dm подароци

    Новогодишна магија: повеќе од 2.200 шминки, парфеми и подарок сетови со секогаш поволни цени во dm!

    Mon, 12/22/2025 - 15:11
  • Среќа Плус на Државна лотарија

    Подари моменти на радост, подари „Среќа плус“

    Mon, 12/22/2025 - 15:07
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.