Веро центар отворен за посетители, Jumbo продолжува со работа
Почетна » Новости » Актуелно » Веро центар отворен за посетители, Jumbo продолжува со работа

Веро центар отворен за посетители, Jumbo продолжува со работа

Продавниците во Веро центар во Скопје од денеска (среда) се отворени и работат од 10 до 18 часот, со исклучок на Веро маркетот кој продолжува да функционира со работно време од 7 до 18 часот. Веро центар ќе биде отворен за посетители од понеделник до сабота, додека во недела нема да работи, согласно новата одлука на Владата поврзана со заштитните мерки од коронавирус.

Веро

Од денеска повторно е отворен и Jumbo маркетот кој работи од 10 до 18 часот од понеделник до сабота. Двата ресторана во Веро центар, Goody’s и Full plate, во следниот период ќе функционираат преку шалтерски систем, односно ќе има можност само за подигнување на нарачаната храна и пијалоци. Според пропишаните владини мерки, посетителите на Веро центар треба да носат заштитни маски и друга заштитна опрема. Редарска служба во трговскиот центар го контролира бројот на посетители и внимава доследно да се почитуваат сите пропишани мерки за заштита.

- Веро центар е комплетно подготвен и безбеден за посетителите. Целиот простор во трговскиот центар, вклучувајќи го и затворениот паркинг, редовно и комплетно се дезинфицираат од страна на професионални служби, а сите вработени ги применуваат пропишаните заштитни мерки. Целиот наш тим е целосно посветен да осигура нормално и сигурно функционирање на трговскиот центар, како и да им овозможи на посетителите максимално да уживаат во Веро центар - велат од менаџментот на Веро.

Во Веро центар продолжува да работи и пунктот за подигнување телефонски нарачки за услугата Vero Drive од понеделник до сабота од 7 до 18 часот.

Промотивен текст

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 5873 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.