Браво! Успешна е првата трансплантација на срце во Македонија
Почетна » Новости » Актуелно » Браво! Успешна е првата трансплантација на срце во Македонија

Браво! Успешна е првата трансплантација на срце во Македонија

Македонското здравство започна ново позитивно поглавје. Доцна во ноќта, успешно беше изведена првата трансплантација на срце од починат донор во нашата држава!

Тимот заслужено предизвика гордост кај целата јавност, бидејќи станува збор за тешка и ризична интервенција каква што досега не беше направена во Македонија.

Оперативниот зафат го реализираше тим од кардиохирурзи под водство на Сашко Јовев (Државна Кардиохирургија), Жан Митрев (Клиника Жан Митрев), Александар Николиќ (Клиника Систина) и Маја Мојсова анестезиолог (КАРИЛ).

Срцето му беше пресадено на 54-годишен пациент.

„Почитувани, доцна во ноќта додека градот спиеше во 02:43 часот зачука срце... Во Република Македонија, на Универзитетската Клиника за Државна Кардиохирургија се направи ПРВА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА на СРЦЕ!! Вредните раце и паметните глави на нашите врвни стручњаци на чело со Проф. Др. Сашко Јовев, во оваа вонредна состојба направија чудо... испишаа историја!! Во услови на пандемија, во услови на страв, во услови на безнадежност... победи хуманоста и љубовта. Победи цената за сите оние непреспиени ноќи над книга, победи секоја солза и тага за загубен живот, победи вистинска посветеност, да се биде! Хируршкиот тим со извонредна професионалност, прецизност и внимание го изведе ова ремек дело, a кога би ги претвориле сите оние милиметарски потези во ноти, во операционата сала број 2, оваа ноќ свиреше симфонијата "Живот"! Честитки Господа!!! - пишува Кристијан Бундовски, кој сподели и фотографии и видео од операционата сала.

За жал, оваа процедура подразбира и згаснување на еден живот. Семејството на почината пациентка се согласило да ги донира органите. „Имаме, за жал, почината пациентка чие семејство се согласи да го донира срцето и пациент кој веќе подолго време чека донор“ - соопшти Венко Филипче кога ја најави операцијата. Министерот за здравство беше во посета на пациентот во чие тело сега бие пресаденото срце.

„Два бубрега од истиот донор во моментов се трансплантираат на Клиниката за Урологија кај двајца пациенти со хронична бубрежна слабост кои со години беа на дијализа“ - соопшти Министерството за здравство.

На експлантацијата работеа д-р Марјан Шокаровски и д-р Александар Колевски од Клиниката за државна кардиохирургија, д-р Александар Николиќ од Аџибадем Систина, а од КАРИЛ анестезијата ја водеа д-р Маја Мојсова Мијовска, д-р Весна Дурнев и д-р Билјана Андоновска.

Трансплантацијата на срцето ја работеа проф. д-р Сашко Јовев и академик Жан Митрев заедно со д-р Васил Папестиев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Ванѓел Здравески, д-р Кјутим Џелили, д-р Тања Анѓушева, д-р Никола Христов, д-р Стефанија Хаџиевска, д-р Надица Мехмедовиќ, д-р Весна Миташова, д-р Јасмина Илиевска, д-р Марија Гераковска и д-р Димче Славевски од Аџибадем Систина.

Во моментов, на Клиниката за Урологија на трансплантациите на бубрезите работат лекарски тимови под раководство на д-р Сашо Дохчев, д-р Александар Трифуновски, д-р Ставридис и д-р Јанчулев со тим лекари од клиниката.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 9008 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.